Откако франшизата на Индијана Џонс излезе на малите екрани во 1981 година, сите сакаат да станат археолози. Сепак во минатото навистина постоеле археолози кои се соочувале со слични опасности како и Џонс. Иако малку се знае за овие мистериозни археолози, приказните за нивните истражувања се обвиткани во уште поголеми мистерии.
Перси Фосет
Географ, артилериски офицер, картограф, археолог и истражувач Перси Фосет станал познат по неговите авантури во Јужна Америка. За жал, за време на неговото последно патување во 1925 година, Фосет, заедно со неговиот најстар син, мистериозно исчезнал во дождовната шума на Амазон.
Тој го барал градот кој што го нарекувал „З“, изгубениот град на напредна домородна цивилизација. Барањето на сопствениот Елдорадо и неговото исчезнување остануваат предмет на многу дебати и контроверзи, а биле организирани неколку експедиции со цел да се реши мистеријата, но без значаен резултат.
Т.Е. Лоренс
Лоренс од Арабија бил еден од најзначајните историски личности чија улога влијаела на Блискиот Исток, каков што го знаеме денес. Тој бил клучна фигура во организацијата на арапското востание, спонзорирано од Британската империја, против Турција за време на Првата светска војна. Но, неговата кариера како офицер за воено разузнавање е друга приказна. Лоренс бил фасциниран од древните цивилизации уште од времето кога бил дете. За време на неговото детство, Лоренс бил заинтригиран од антиквитети и стари градби пронајдени околу Беркшир, Бакингемшир и Оксфордшир, каде што пораснал.
Во 1909 година, Лоренс, тргнал сам на турнеја низ крстоносните замоци во Сирија. Тој пешачел повеќе од 1600 километри пеш, за кое што време се запознал со арапската култура, полека ги научил обичаите и јазикот.
Гертруд Бел
Таа се запознала со Лоренс при ископувањата на Кархемиш, во Сирија, каде што станале добри пријатели, бидејќи биле заинтересирани за подобро разбирање на арапскиот свет. Поврзаноста била дополнително продлабочена од светската војна што следела, при што Бел исто така била вработен и од британската воена разузнавачка служба.
И двајцата се залагале за државна независност на Ирак под власта на кралот Фајсал I. Бел била основач на археолошкиот музеј во Багдад (сега Националниот музеј на Ирак), и и била доделена титулата „Ал-Катун“, почитувана дама на дворот на Кралот Фајсал.
Рој Чепмен Ендрјус
Тој не бил археолог туку природонаучник и палеонтолог, но неговите авантури би можеле да бидат главната инспирација зад ликот на Индијана Џонс. Неговите најпознати експедиции ги вклучуваат оние што ги направил низ пустината Гоби и Монголија во текот на 1920-тите. Тука тој се борел со разбојници, бандити додека го возел автомобилот низ азиските степи. Во текот на првата половина на 20 век, овие територии биле особено опасни за странци.
Тој бил добро познат по својата бестрашна природа и умешност во ракување со огнено оружје и бил првиот човек кој открил остатоци од јаце од диносаурус. Неговите откритија вклучуваат многу коски на диносаурусите и фосилните остатоци од исчезнати цицачи и тие биле клучни во инспирација за понатамошно истражување во постоењето на изумрени видови.
Хирам Бингам III
Човекот заслужен за откривањето на цитаделата на Инките, Мачу Пикчу од 15-тиот век, сместена во перуанските планини. Хирам Бингам III, бил американски академски, истражувач и политичар. Иако не бил обучен археолог, неговата страст за авантура го одвела во потрагата по долго загубениот град.
Тој не го открил буквално Мачу Пикчу, но благодарение на него локацијата му станала позната на светот. Американскиот истражувач вработил домородни водичи кои веќе знаеле за локацијата на тврдината, но нивниот однос кон неа се разликувал од оној на Бингам кој, заедно со останатиот дел од западниот свет, се интересирал за местото од многу причини.
Универзитетот Јеил во 1911 година ја спонзорирал својата прва експедиција, бидејќи тогаш бил професор по историја на Латинска Америка и добро запознаен со обичаите на локалното население. Откако експедицијата била успешна, му биле доделено средства за враќање и продолжил со истражувањето.
Во подоцнежниот живот Бингам влегол во политиката, станувајќи гувернер на Конектикат и член на американскиот Сенат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.