Чаша вино на 2000 метри надморска височина на Алпите? Не би имал ништо против, ни најмалку…
Лаундромат Кафе, Рејкјавик, Исланд
Како што кажува и неговото име, Лаундромат Кафе е микс од кафе бар, јавна перална и библиотека. Ако сакате да се напиете чаша вино додека се перат вашите алишта, ова е вистинското место.
Хотел Еделвајс, Мјурен, Швајцарија
Има ли подобро место да уживате во добра храна и пиво ако не на 2000 метри надморска височина опкружени од сите страни со величествена планинска панорама формирана од 21 планински врв во срцето на Алпите.
Манки Бар, Берлин, Германија
Манки Бар гледа на големата Берлинска зоолошка градина, што значи дека има шанса навистина да видите мајмун.
Жобен Бистро, Клуж-Напока, Романија
Жобен Бистро е интересен паб кој ве враќа назад во времето со неговиот шармантен стимпанк дизајн. Комбинацијата на месинг, бакар и флуорсцентни светла создаваат елегантно скришно катче за дружење со вашите другари.
Нордерн Лајтс Бар, Исланд
Овој бар среде пустелија нуди седишта во првите редови при набљудувањето на навистина спектакуларниот природен феномен. Огромните прозорци овозможуваат неверојатен поглед на поларната светлина како и врз полињата со лава прекриена со мов.
Клиник Бар, Сингапур
Доколку сте хипохондрик и сакате да се чувстувате како дома, т.е. во болница, ова е вистинското место за вас. Барот е уреден како болница, се седи на инвалидски колички а коктелите се пијат преку црева за инфузија.
Баб-ал-шамс, Дубаи
Со поглед над бескрајната Арапска пустина, овој бар сместен на самиот покрив на зградата се трансформира со секое зајдисонце.
White Rabbit Restaurant & Bar, Москва, Русија
Москва е неверојатно жив град со долга историја и прекрасна архитектура. The White Rabbit (Белиот Зајак) ги нуди најубавите панорами на раздвиежниот град додека уживате во најразновидните специјалитети.
Блу Фрог Ланџ, Мумбаи, Индија
Чудниот дизајн на овој бар овозможува да уживате во погледот на сцената каде и да седите.
Клуб 33, Дизниленд, Калифорнија
Скриен во областа Њу Орлеанс Сквер во Дизниленд се наоѓа Клуб 33 – приватен клуб во кој за зачленување се чека со десетлетија. Овој клуб е единственото место во Дизниленд кадешто се точи алкохол, а членовите имаат ексклузивен пристап до места во паркот како куќичката на тркала на Марк Твен.
Скај Бар, Бангкок
Скај Бар се извишува на врвот на Државната кула Лебуа, 63 ката над раздвижените улици на Бангкок.
Санленд Паб, Јужна Африка
Јужноафриканските дрвја баобаб се познати по нивната огромна големина. Ова дрво наречено Санленд е старо преку 6000 години и е толку големо што во шуплината на неговото стебло е сместен мал бар. Отворен во 1933 година, овој бар може да опслужува само 15 среќни гости.
Ајс Бар, Квебек Сити, Канада
Ледениот бар, кој навистина е направен од лед, секое лето се топи и секоја година се прави повторно. Од јануари до март се нудат студени коктели.
Барот кај Клисурата на скокачкиот тигар, Кина
Клисурата на скокачкиот тигар е толку неверојатна што е прогласена за светско наследство.
Сејф Хаус, Милвоки, САД
Сејф Хаус е бар направен во шпиунски стил со тајна црвена врата без никаква ознака. Логично, за да влезете треба да ја знаете лозинката.
Гајгер Бар, Грује, Швајцарија
Гајгер Бар е прекрасно уреден бар во стилот на филмот „Осмиот патник“ на Ридли Скот, бар кој е вистинско остварување на соништата за љубителите на научната фантастика.
Алукс Каверна Ланџ, Мексико
Алукс е најголемиот пештерски бар во светот. Пештерниот комплекс стар над 18.000 години е елегантно осветлен со стотици светла, кои фрлаат светло врз сталактитите наоколу.
Озон Бар, Хонгконг, Кина
Кога влегувате во Озон Бар исто како да влегувате во пчеларник. Барот се наоѓа на врвот на највисокиот хотел во Хонгконг, хотелот Риц Карлтон.
The Water and Wind Bar, Бин Дуонг, Виетнам
Овој бар се наоѓа во поплавена област, создавајќи неверојатно одбивање на светлата од водата. Самиот бар претставува џиновска колиба и е навистина удобен амбиент за неколку пијалоци.
The Red Sea Bar, Израел
Овој бар е целосно под површината на Црвеното море, со неверојатна глетка врз морскиот жив свет и прекрасните корали.
Рок Бар, Бали, Индонезија
Високо на карпите на Бали, овој бар нуди прекрасна глетка кон Индискиот океан. Најдобро време за посета е за време на зајдисонце кога морето и небото изгледаат како маѓосани.
Велосипедски бар, Букурешт, Романија
„Bicicletabar“ е оригиналното име на овој бар во кој столовите и масите се направени од рециклирани велосипеди.
Дабус Бар, Лондон, Англија
Со изложените тули, листови метал и природно дрво, Дабус нуди неверојатно пријатен амбиент за коктелите и канапеата кои ги нуди.
Хемингвејс Ланџ, Холивуд, САД
Ова е пријатен паб чиишто ѕидови се прекриени со книги за пијаниот читател.