Дилан Салиба е млад водоинсталатер од Сиднеј, Австралија, кој го освои интернетот со помош на неговиот глас. 22-годишното момче со своето неверојатно оперско пеење, успеа да го привлече вниманието на пошироката јавност, а само два пати посетил часови по оперско пеење. Неверојатната изведба на аријата Несун Дорма од операта „Турандот“ на Џакомо Пучини се случила додека Дилан работел на еден туш и не се сомневал дека е сниман од неговиот пријател и колега.
Видеото потоа било објавено на Фејсбук и се стекнало со голема популарност. Додека Дилан пее негвиот колега тивко се восхитува зад камерата. На крајот на видеото, водоинсталатерот со неочекуван талент се смее срамежливо откако сфатил дека го снимаат.
За Дејли мејл, Дилан објаснил дека научил да пее додека го слушал Андреа Бочели и рекол дека е малку засрамен од интересот за неговиот настап. „Посетив само два часа по пеење, пред околу три години. Јас не пеам професионално, само за забава. Јас само пеам и луѓето го сакаат тоа. Откако пеев пред семејството и пријателите, тие плачеа и плачеа. Беше одлично чувство и искуство. Оттогаш во различни пригоди како родендени ме тераат да пеам, но јас одбивам.“, изјавил скромниот водоинсталатер.
На прашањето дали би ја напуштил моменталната професија како водоинсталатер, за да започне да работи како пејач, тој одговорил: „Јас сум обичен водоинсталатер, никогаш не помислив на професионално пеење.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.