Во денешно време технологијата напредува навистина брзо. За само неколку години потенцијалот на паметните телефони го надмина тоа што луѓето можат да го прават рано наутро после првата шолја кафе. Технолошкиот напредок може да го подори квалитетот на животот и како што се појавуваат нови технологии, старите се забораваат. Така децата родени во денешно време нема да знаат за некои многу јаки нешта во животот, како на пример:
1. Чувањето разнобојни и бројни флопи дискови на вашата маса, насекаде во вашата соба, во училишната чанта…
2. Поседувањето безброј омилени касети.
3. Стари чат клиенти (ICQ, AOL, MSN) каде што се прашуваат смешни прашања како „a/s/l?“ – возраст, пол, местоположба (age, sex, location).
4. Што се случува кога ќе искомбинирате молив и касета – рачно премотување на вашата омилена музика.
5. Снимањето на микс на омилени песни на касета или на CD за долги патувања.
6. Употребувањето на телефонски именик за да најдете нечиј телефонски број.
7. Помнењето на телефонски броеви.
8. Како изгледа старовремски телефон.
9. Снимање на ТВ емисии и филмови на видео рекордер за да ги гледате подоцна.
10. Дување во кертриџ ако видео играта не сака да тргне.
11. Подавање ливчиња на час наместо пишување смс или пораки на Фејсбук или Вибер.
12. Држењето и читањето на вистински весник.
13. Носењето готовина наместо кредитни картички.
14. Користењето на вистинска мапа за да се снајдете во сообраќајот.
15. Изнајмување на ВХС касети од видеотека….
16. …и обврската да ги премотате пред да ги вратите.
17. Водењето на вистински разговори.