Nissan сака да има својата целосно автоматизирана услуга за превоз на патници во Јапонија до почетокот на 2020 година. Планот е да се започне со „јавен тест на терен“ за услугата Easy Ride во Јокохама. Нисан соработува со технолошката компанија DeNa, а целта е сè што треба да се направи за да се добие соодветната услуга, од земање на патниците па до плаќањето, да оди преку апликација на мобилен. Во зависност од тоа дали патниците ќе сакаат да одат од една до друга точка или пак ќе сакаат да се прошетаат низ градот, ќе имаат можност да го изберат тоа како опција.
Со Олимпијадата во Токио во 2020 година, Нисан најверојатно сака да ги има разработено дотогаш. Автономните Leaf EV се веќе тестирани во Британија, но патиштата во Јапонија може да се покажат малку покомплицирани за движење, за разлика од возењето во Британија во Март. Пријавувањата за оние кои сакаат да ги тестираат овие такси возила веќе се во тек, а крајниот рок е 15-ти јануари.