Кога Кетрин Су Полер го прославила својот 21-ви роденден и возбудено се подготвувала за семестар како студент на размена во Шпанија. Меѓутоа, пред да може да тргне на патувањето, имала неколку прашања за нејзините родители, Кен и Рут. Кети, како што нејзиното семејство ја нарекувало, секогаш знаела дека е усвоена. Од многу рана возраст евидентно било дека таа не ги споделувала истите родители со нејзините двајца браќа. Барем, не биолошките.
Нејзиното азиско наследство не се совпаднало со населбата во која живееле исклучиво белци, но таа не се интеренсирала многу за нејзиното потекло. „Имав солидно, добро детство. Сите знаеја дека сум усвоена, очигледно, па никогаш не прашував за тоа.“, изјавила Кети за South China Morning Post.
Кети не знаела дека нејзината приказна не е толку едноставна како што ја презентирале родителите кои ја усвоиле. Одлуката на нејзините родители да ја прикријат целосната приказна е онаа која ги исплашила длабоко, особено кога биолошките родители на Кати почнале постојано да се обидуваат да контактираат со неа.
Киан и Ксу Фенхианг биле оставени со длабока празнина во нивниот живот, откако тие мораале да ја напуштат својата втора ќерка, која ја наркле Јингжи. Поради политиката на едно дете во Кина, младата двојка не можела да ја задржи својата многу сакана ќерка, бидејќи веќе имале тригодишно дете.
Двојката долго време посакувала второ дете и покрај строгите закони во земјата кои им забранувале да имаат повеќе деца, одлучиле да добијат ново бебе. Кога Киан забременила, тие самите си рекле дека би можеле да избегаат од казната со прикривање на своето бебе од светот. Додека живееле во еден прометен град, мислеле дека би можеле да останат незабележани. Но, тие не биле во право.
„Мислевме дека можеме да се извлечеме со тоа, бидејќи живеевме толку далеку од кадрите за планирање на семејството во нашето село. Мислевме дека големината на градот ќе ни даде покритие.“, изјавил Ксу. Но, нивната приказна се дознала, а било премногу доцна за абортус бидејќи Киан била во шестиот месец на бременоста. Затоа двојката се помирила со фактот дека откако ќе се роди детето ќе мора да го дадат на посвојување. Јингжи се родила во летото во 1995 година.
Породувањето не поминало толку лесно и Киан имала компликации. Тие не сакале да одат во болница за да не бидат казнети, но успеале да најдат лекар кој им ветил дека нема да ги пријави. Наредните пет дена Киан и Ксу ги поминале со својата ќерка за која знаеле дека не можат да ја задржат. На петтиот ден Ксу го земал бебето и го оставил на пазар за зеленчук и до неа оставил писмо, во кое пишувало:
„Нашата ќерка, Јингжи, е родена во 10 часот на 24-тиот ден од седмиот месец на лунарниот календар, 1995 година. Бевме принудени од сиромаштијата и работите во светот да ја напуштиме. О, за жал, срцата на татковците и мајките се далеку и близу! Ви благодариме за спасувањето на нашата мала ќерка и за грижата за неа. Ако небесата имаат чувства, ако сме заедно со судбината, тогаш да се сретнеме повторно на Скршениот мост во Хангжу утрото на фестивалот Кихи за 10 или 20 години од сега.“
Кен и Рут ја усвоиле Кети кога имала една година и побарале од преведувач да им го преведе писмото. Тие одлучиле да и го покажат писмото на девојката кога ќе наполни 18 години, но само доколку се заинтеренсира за нејзините биолошки родители. Една телевизија сакала да ја однесат малата Кети на скршениот мост кога имала 10 години, но родителите не се согласиле со тоа и велеле дека е се уште мала за такви комплицирани односи.
Сепак телевизиска екипа отишла на мостот и ги снимила биолошките родители како чекаат на мостот со знак во рацете. Тие добиле фотографии од нивната ќерка, а кога сакале да ја запознаат не добиле дозвола од родителите на Кети.
Тие го криеле писмото и вистината за нејзините родители се додека Кети не наполнила 21 година и почнала самата да се интеренсира. Кога ја дознала вистината веднаш сакала да се запознае со вистинските родители.
Кети се сретнала со биолошките родители на Скршениот мост и тоа била многу емотивна средба. Сепак Киан и Ксу биле разочарани што нивната ќерка не сакала да ги вика „мамо и тато“.
Девојката изјавила дека е среќна, но и многу збунета бидејќи воопшто не била одгледана во духот на Азиската култура.
Тие не можеле да комуницираат меѓу себе бидејќи Кети не знаела Мандарински, а Киан и Ксу не знаеле Англиски. Сепак тие биле среќни што конечно имале можност да се запознаат.