Шумите се неверојатни места. Тие се одлично место за релаксирање и оттргнување од секојдневието и проблемите кои ги носи животот. Сепак, шумите можат да бидат и опасни места доколку не ги познавате доволно добро. Има многу шуми низ светот кои се „виновни“ за одредени случувања и околностите зад нив засекогаш останале мистерија.
Шумата на исчезнатите деца
Националната шума Ангелес во Јужна Калифорнија е основана во 1908 година. Во 1956 година, 11-годишната Бренда Хауел и 13-годишниот Доналд Ли Бејкер тргнале со своите велосипеди за да одат во областа на Кањонот Сан Габриел. Тие никогаш не се вратиле. По долгата потрага биле пронајдени само нивните велосипеди и јакната на Доналд. Во 1957 година, двајца пријатели заедно со своите две деца решиле да се искачат во областа Аројо Секо, кога најстариот, осумгодишниот Томи Боуман, одлучил да потрча напред. Тој исчезна на свиокот, а кога другите стигнале таму, не можеле да го пронајдат. Тој никогаш не бил пронајден.
Потоа, во 1960 година, шестгодишниот Брус Хауард отишол на кампување со 80 други деца и возрасни во Флат Бакхорн. 275 метри од нивниот камп, Брус се заморил, а супервизорот го вратил во нивниот камп. Тој го гледал додека Брус речиси не стигнал до кампот пред да продолжи да се искачува со другите. Потребни биле само неколку минути за да се открие дека Брус никогаш не влегол во кампот. Тој никогаш не бил виден повторно.
Мистериите на шумата Покаини
Шумата Покаини во Латвија носи во себе многу митови. Легендата вели дека посетителите на шумата во античко време донеле карпи со нив како покајание за нивните гревови. Оставањето на карпите и големите камења се сметало за простување на гревовите. Бидејќи ова е само мит, се уште не е разјаснето како тие завршиле во шумата. Карпите се групирани заедно во специфичен редослед околу 30 ридови. Постојат гласини дека некои од карпите имаат лековита моќ (затоа што некои од нив се жешки), додека други имаат деструктивна моќ. Туристите се советуваат да не земаат ниту еден камен, затоа што тоа може да им донесе несреќа. Исто така и има стар бор под кој температурата е повисока од другите места во шумата. Некои посетители на Покаини веруваат дека оваа аномалија, како и тоа што не функционираат часовниците и компасите, значи дека шумата може да биде порта за паралелен универзум.
Човекот кој заминал да живее во шумата
Антон Пилипа исчезнал од Торонто во 2012 година, непосредно пред да се појави во локален суд за напад и обвиненија за оружје. Со текот на годините, се чинело дека е се помалку и помалку веројатно дека Пилипа, која страдал од шизофренија, некогаш ќе биде најден. Сепак, на почетокот на 2017 година, Пилипа бил пронајден како скита околу Манаус во дождовната шума Амазон. Тој патувал низ десетина граници без документација или каква било форма на идентификација пред да заврши во Буенос Аирес, каде што му бил одбиен влез. Од таму, тој се упатил кон Бразил. Полицијата го нашла Пилипа и го одвела во болница, од која избегал, а потоа исчезнал во шумата. Подоцна повторно бил откриен (во шумата), а неговото семејство било известено преку социјалните медиуми.
Шумата со Свастика
Во 1992 година, практикант за компанија за уредување на земјиште во Германија фотографирал од авион кога го забележал симболот свастика направен од дрвја. Намената била симболот да се појавува само во есен, а иако не се знае кој ги засадил, се верува дека се засадени некаде во 1938 година кога моќта била во рацете на Хитлер. Според некои теории се верува дека дрвјата биле засадени за да на тој начин локалните жители му го честитаат роденденот на Хитлер, а додека пак друга теорија вели дека тие сакале да изразат лојалност откако еден нивен жител бил испратен во концентрациониот логор кога откриле дека слушал Би-Би-радио. Дрвјата биле отстранети во 1995 година.
Урнатините Геди во Кенија
Урнатините Геди во Кенија се наоѓаат длабоко во шумата покрај Индискиот Океан. Овие урнатини го отстраниле општото уверување дека Африка заостанува далеку зад другите цивилизации кога станува збор за технологијата и напредокот кон модерното живеење. Доказот за ова дошол во форма на тоалети, вода за пиење и улици изградени во град за кој се смета дека е воспоставен во 13 век. Сепак градот бил мистериозно напуштен во 17 век и оттогаш се изгубиле сите траги за него. Првин се верувало дека градот бил нападнат, но немало никакви траги од војна.
Исчезнувањето на Росалинд Балингал
Во 1969 година 20-годишната Росалинд заминала со двајца пријатели во западниот дел на Кејп, Јужна Африка, во добро познат кварт за дрога, наречен „Шеќерна куќа“. Таа набрзо одлучила да прошета во блиската шума Книшна. Росалинд со Библија во раката влегла во шумата и оттогаш не била пронајдена. Нејзините пријатели пријавиле во полиција, но немало траги од младата девојка. Кружеле гласини дека девојката била дел од секта наречена „Космичка пеперутка“ и дека заедно со останатите членови земале дрога и дека најверојатно Росалинд е убиена од некој член на сектата. Повеќе луѓе пријавувале дека неколку пати ја виделе Росалинд во близина на шумата, но таа секогаш исчезнувала.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.