Скечерите Симе Златков и Наско Џорлев, познати како „Дебелиот Крај“ одлучиле да посветат песна на најчестото прашање на социјалната мрежа Фејсбук „Цена?“. Сите сакаме да го дознаеме одговорот на прашањето за цената, а одговорот најчесто се наоѓа во мистериозното место нарекувано инбокс, инбох или имбокс. Уживајте во песната и наредниот пат наместо коментар пратете им писмо по пошта за цената.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.