Џејмс Демпси бил одликуван ветеран од Втората светска војна од Вудсток. Тој починал на 89-годишна возраст во дом за стари лица „Здравје и рехабилитација“ во Североисточна Атланта. Но, иако изгледа како неизбежен исход, скриена камера поставена од роднините на Џејмс открива под какви сурови околности починал старецот.
На видеото се гледа како Џејмс го притиска копчето за помош шест пати, но медицинската сестра доаѓа во собата по осум минути и не прави ништо за да му помогне на старецот, иако пред да биде свесна дека е снимена изјавила дека веднаш дотрчала во собата и се обидела да го реанимира. Исто така на снимката се гледа како персоналот се смее додека пациентот умира. Инцидентот се случил во 2014 година, а од домот за стари лица се обидувале да ги спречат новинарите од „11Alive“ да ги објават снимките. Изговорот е дека домот немал доволно персонал за да се грижи за пациентите.
Жената од снимката, која тогаш била главниот надзорник за нега, Ванда Наклс, му кажува на адвокатот на семејството, Мајк Прието, како се упатила кон собата на Демпси кога медицинската сестра ја предупредила дека престанал да дише.
Мајк: „Од времето кога сте влегле, сте почнале да компресии на градите … точно?“
Ванда: „Да“.
Прието: „Сè додека не пристигнале болничарите, Вие постојано правевте компресии на градите?
Ванда: „Да“.
Видеото сепак покажува дека никој не прави компресии на градите кога Ванда влегла во собата. Таа исто така не почнала веднаш да му помага на ветеранот. „Господине, тоа беше чесна грешка. Јас само се базирав на она што обично го правам.“, изјавила Ванда кога била разоткриена во видеото.
Во видеото се гледа како Џејмс повикува на помош шест пати пред да се онесвести додека се бори за воздух. Податоците покажуваат дека персоналот на старечкиот дом открил дека Демпси не реагирал во 5:28 часот, а повикале брза помош дури по еден час во 6:25 часот. Кога друга сестра одговорила на повикот, таа не му ги проверила виталните знаци на човекот. Ванда изјавила дека ќе ја укори медицинската сестра за начинот на кој таа постапила со Демпси и го нарече видеото „болно“.
Кога медицинските сестри имале потешкотии да ја активираат кислородната машина на Демпси, може да се слушне како Ванда и другите се смеат. Адвокатот ја прашал: „Госпоѓо, имаше нешто смешно што се случува?“, а Ванда му одговорила: „Јас дури и не се сеќавам на сето тоа како што можете да видите.“
Семејството на Демпси направило судска спогодба со домот за стари лица, а додека пак изјавата на портпаролот на домот била: „Ожалостени од настаните што се случиле пред повеќе од три години. Новото раководство и тимот на раководството и персоналот работеа многу внимателно за да се подобри квалитетот на грижата и квалитетот на животот на нашите жители … Објектот неодамна беше без недостаток на персонал за време на нашата неодамнешна годишна инспекција спроведена од страна на Министерството за здравство на Џорџија на 25 мај 2017 година.“
Ванда и уште една медицинска сестра се откажале од своите лиценци и повеќе не работат во домот. Освен овој инцидент во домот биле забележани повеќе вакви слични инциденти, исто така, наводно предизвикани од недостаток на персонал.