Ограбувачите понекогаш не носат пиштоли и маски, многу често се наоѓаат зад шалтерот или во канцеларијата на банката, од неодамна и Македонците го „открија“ тоа. Вработените во банките имаат пристап до многу пари и алчноста многу често знае да ги однесе по лош пат.
10. Мишел Рене Крауч
Кога мишел дознала дека Кевин Болема починал ја испразнила неговата заштеда и земала над 100.000 долари, оставајќи само 5 долари на сметката. Потоа била на погребот на Кевин и ја тешела неговата мајка. Кога семејството дознало дека сметката на Кевин е празна побарале полициска истрага. Мишел тврдела дека Кевин и ги позјамил парите па дури и фалсификувала документ за да го докаже тоа, но била разоткриена од полицијата и добила затворска казна од 20 месеци.
9. Алекс Кунингам
Алекс ја запознал Дорис Галовеј кога таа ја префрлила нејзината животна заштеда во банката. Жената често ставала или земала пари и се спријателила со Алекс, а кога го скршила колкот, службеникот ја посетувал дома и ѝ помагал. Топ потоа почнал да ги троши нејзините пари за коцкање на интернет и успеал да потроши 271.885 долари. Добил затворска казна од 3,5 години.
8. Симон Вонг Саи
Симон кој работел во банка во Кина, украл 860.000 ХК доларии и бил во затвор 2 години. Кога излегол повторно се вработил во банка и почнал интензивно да се коцка и почнал да краде од сметките на клиентите. Кога го уапсиле заклучиле дека Симон украл 2,21 милиони ХК долари.
7. Даниел Ендру Велш
Даниел се спријателувал со старите и изнемоштени лица и се нудел да им помага, а потоа им ги празнел сметките. Тој за 5 месеци земал повеќе од 180.000 долари од клиентите.
6. Пелон Дејвис
Пелон видел животна шанса кога човек кој изгледал како бездомник дошол да стави на сметката неколку илјада долари. Кога му ја проверил сметката Пелон забележал дека човекот има многу пари на неа, затоа му отворил друга сметка и ги ставил новите пари на неа, а почнал да ја користи старата сметка, надевајќи се дека никој нема да провери и нема да го фатат. Тој украл скоро 200.000 долари пред да биде уапсен.
5. Лиса Јарвис
Лиса ја користела сметката на Кенет Костело и успеала да потроши скоро 100.000 долари, кога Кенет го приметил тоа ја пријавил во полиција и таа добила казна затвор од 3 години. Но иронично е тоа што полицијата ги истражувала сметките на Кенет сфатила дека тој правел даночна измама и веднаш потоа и тој завршил во затвор.
4. Џо Ен Никел
Џо ги ограбувала нејзините клиенти во првите 9 месеци од нејзиното вработување во банката. Таа таргетирала седум клиенти на возраст од 65 до 91 година. Се проценува дека земала од сите сметки над 130.000 долари и добила 18 месеци затворска казна.
3. Ирен Квансах
Ирен ограбила повеќе од 100 луѓе, а вкупната износ на украдените пари изнесувал 144.900 долари. Таа завршила во затвор на две години, морала да ги врати парите на банката и да плати данок од 30.000 долари.
2. Линда Су Њукомб
Линда ја фатила нејзината колешка Тереза Хамфрис како краде од клиентите и наместо да ја пријави решила да и се придружи и заедно да ја усовршат измамата. Тие успеале да крадат од клиентите цели 14 години и украле повеќе од 12 милиони долари. Кога биле откриени за време на ревизија и двете завршиле во затвор, со што Тереза добила 3 години, а Линда 10.
1. Кејси Хензон
Кејси во првите три месеци од нејзината работа како банкарски служеник украла 10.000 долари. Таа сакала повеќе и земала пари од сметката на 72-годишната Ненси Брејшав околу 100.000 долари. Наредниот ден Кејси отишла во домот на Ненси и почнале да се расправаат, а потоа Кејси ја убила старицата, така што ја загушила. Потоа Кејси отишла во полиција и кажала дека двајца мажи влегле во куќата на Ненси и ги нападнале, но нејзината приказна имала многу празнини. Кејси била обвинета за убиство и добила затворска казна од 20 години.