Ако барате повозбудливо работно место и размислувате за едно од листата подолу, треба да размислите двапати. Овие работни места најдобро ги опишува зборот „опасни“ и поради тоа не може секој да ги извршува. Исто така поголемиот дел од овие професии не се многу профитабилни (според американски стандарди) иако вработените се изложени на голем ризик. Проценете сами колку и како, дел од овие професии се вреднуваат кај нас.
11. Молзач на змии
Просечна годишна плата: 30.000 долари
Молзачите на змии го поминуваат работниот ден во присилување на змиите да го остават својот отров во пластични садови. Змискиот отров може да се користи за многу нешта, но најважна е неговата употреба во медицински истражувања или да се произведе „противотров“. Иако се применуваат безбедносни мерки, секој процес на молзење е многу опасен. Стапката на молзачи кои не биле каснати на работа е изненадувачки ниска.
10. Градежен работник
Просечна годишна плата: 31.000 до 70.000 долари
Иако се користи заштитна опрема, оваа работа сѐ уште е многу опасна бидејќи вклучува ракување со смртоносни алати или пак работа во лоши услови и во височина.
9. Курир
Просечна годишна плата: 27.000 до 35.000 долари
Изненадувачки, да се биде курир се смета за многу опасна професија во многу земји низ светот. Замислете да доставувате пица на забава на пијани луѓе или пак да однесете писмо со лоши вести на некој човек со лош темперамент. Стапката на ограбени курири се голема, а тие често се жртви и на други злосторства.
8. Јавач на бикови
Просечна годишна плата: 107.000 долари
Оваа работа станала популарна во доцните 90-ти кога се проширила веста за големите награди за оние кои ќе издржат повеќе од 8 секунди. Во реалноста, исплатата можеби не е вредна за последиците. Според статистиката јавачите на бикови добиваат сериозна повреда на секое 15-то јавање, од потрес на мозокот и фрактури до скршени коски.
7. Планински водич
Просечна годишна плата: 70.000 долари
Освојувањето на високите планински врвови бил сон на доволно луѓе за да го оправдаат создавањето на ново поле на работа: планински водичи. Нивната работа не е само да го водат патот туку да носат тешка опрема, да бидат првите кои што ќе поминат по опасен пат и да бидат одговорни за безбедноста на другите.
6. Производител на микрочипови
Просечна годишна плата: 61.000 долари
Сите ние уживаме додека ги користиме нашите лаптопи и телефони, но тие доаѓаат со висока цена за оние кои ги произведуваат. Голем број на опасни хемикалии како арсен се користат за производство на компјутерски чипови. Додека микрочиповите не доведуваат до брз фатален исход, долгорочните ефекти вклучуваат спонтан абортус, вродени дефекти, респираторни заболувања и рак.
5. Воен дописник
Просечна годишна плата: 36.000 долари
Да се претстави вистината пред светот е многу важна, но и опасна работа. Листата на опасности содржи киднапирање, тортура и смрт. Кога сте во жариштето на акцијата, не сте означени како новинар туку како непријател.
4. Работник на нафтена платформа
Просечна годишна плата: 70.000 до 140.000 долари
Да се биде работник на нафтена платформа значи работа со една од најпознатите запаливи супстанции во светот. Понекогаш тие работат 16 часа или дури поминуваат ден или 2 без спиење. Како дел од причините за смрт се наведени пожарите, експлозиите, давењето или одреден дел од телото да биде вовлечен од некоја од машините на платформата.
3. Борач со крокодили
Просечна годишна плата: Непознато, но приближно 8 долари на час
Борачите со крокодили ги ризикуваат своите животи со ставање делови од телото меѓу челустите на крокодилот, играње со опашките и правење секакви луди работи. Запомнете дека крокодилот не лежи, туку активно се движи и реагира, понекогаш станува и многу опасно.
2. Дрвосечач
Просечна годишна плата: 36.000 до 41.000 долари
Ова е една од најопасните индустрии со оглед на тоа што има 20 пати поголеми шанси да умрат работниците на ова поле отколку во било кое друго. Мора да се занимаваат со тешки машини на дневна основа. Како резултат на тоа, повеќето смртни случаи се случуваат поради нефункционирање на опремата и паѓање на дрвјата врз работниците.
1. Рибар
Просечна годишна плата: 30.000 долари
Не го замислувајте риболовот како мирна и медитативна професија. Во просек, рибарите го имаат едно од најопасните работни места поради неочекувани лоши временски услови, неисправни бродови и инциденти поврзани со транспортот. Ова поле ја има највисоката стапка на смртност.