Призрак во вид на дама се крие во мистериозниот тунел низ испреплетените гранки на патот Брегаг во округот Антрим во Северна Ирска.
Многумина велат дека тоа е духот на слугинката од блиската куќа, која починала мистериозно одамна. Други сметаат дека тоа е Маргарет „Крос Пеги“ Стјуарт, ќерка на претходниот сопственик на земјата, Џејмс Стјуарт. Некои дури сугерираат дека тоа е изгубен дух од напуштените и долго изгубените гробишта, за кои се верува дека се скриени некаде во блиските полиња.
Во некои ноќи, се вели дека заборавените гробови се отвараат и таа е придружена на нејзината прошетка меѓу свитканите стебла од измачените души на оние кои некогаш биле толку драги, а сега мртви, закопани покрај неа. Без оглед на нејзиното мачно минато, месното население ја нарекува „Сивата дама на мрачните хеџис“, а се верува дека го прогонува долгиот застрашувачки пат под огромната круна на дрвјата.
Оваа морничава, а сепак прекрасна авенија на букови дрва била засадена од семејството Стјуарт во XVIII век, со намера да им служи како импресивен влез за посетителите кои се приближувале кон нивната палата, „Грејсхил Куќата“. Иако семејството го поседувало имотот повеќе од еден век, до 1775 година, еден од децата на Ирвин Стјуарт, Џејмс, решил да изгради дом за неговото семејство и да го именува по неговата сопруга Грејс Линд.
Штом се населиле, тој купил и засадил 150 букови дрвја во два спротивставени редови за да создаде импресивен пат кој води кон нивниот имот. Џејмс верувал дека со тоа создавал стилски и грандиозен изглед за нивниот престој. Меѓутоа, со текот на годините, кога дрвјата созреале, нивните гранки почнале да се наведнуваат и евентуално се измешале, со што се создал прекрасен тунел, кој му дал необичен изглед да патот. Она што Џејмс го планирал како централен дел од својот дом два века подоцна станал невообичаено спокоен тунел на древни букови дрвја по патот Брегаг, северно од Белфаст.
Додека се испреплетуваат и заплеткуваат, гранките на дрвјата формираат драматичен сојуз на светлина и сенка, правејќи го патот прекрасен, вистински скапоцен камен на природата и еден од најфотографираните природни феномени во Северна Ирска. Животот на еден типичен Fagus sylvatica L., попознат како буково дрво, е од 150 до 200 години, но може да достигне возраст до 350 години.
Во 2014 година биле направени анализи на 94 дрвја и било заклучено дека тука им одговараат климатските услови и средината и поради тоа успеваат да дочекаат поголема старост, што е ретко. Поради необичнатга убавина на овој пат тука биле снимени и сцени од филмови, серии и реклами. Една од сериите е и светски познатата Игра на тронови.
Во 2004 година бил формиран посебен фонд за зачувување на дрвјата. Поради невремето кое ја зафати Северна Ирска во 2016 година дрвјата станале нестабилни, а сообраќајот по овој пат се зголемил поради поголемиот број на туристи. Затоа владата на Ирска сака да воведе мерка за да го забрани сообраќајот на овој пат, со цел да се заштитат дрвјата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.