Агентката и сопственичка на бизнис за недвижнини Роберта Хоски го изгубила чекот на една од најпрометните улици на градот Њу Хевн.
Кога бездомникот Елмер Алварез го нашол чекот, неговата прва мисла била: „Сега треба да ја направам вистинската работа. Да го најдам сопственикот на чекот и да му го вратам“, рече тој.

Откако Роберта го добила чекот назад и дознала дека Алварез е бездомник, таа ја раскажа приказната преку видео во живо на Фејсбук кое стана многу популарно.

Интересно е што двајцата имале нешто заедничко. Роберта, исто така, некогаш била без покрив над главата, мајка – тинејџерка, која го напуштила средното училиште.

„417 долари месечно – никогаш нема да го заборавам тоа, а морав да се грижам за себе и за синот“, изјави таа.

Но, некој ѝ помогнал да го сврти својот живот.

На денот на Денот на благодарноста, Роберта го изненади Елмер, подарувајќи му обука за работа, советување за кариера и интервју за работа.

Нејзиниот последен подарок на Алварез го расплака.

„Оваа зима не мора да се грижиш дали ќе бидеш на студот“, рече Хоски. „Ние имаме дом за тебе“.

Хоски рече дека откако Алварез ќе застане на нозе, таа сака и тој да го направи истото ова за некој човек, што таа го направи за него.

Сподели на Facebook
пати видено