Во едно основно училиште поканиле еден наш познат политичар додека е на власт, да биде гостин на блок часови на темата „Правата на децата“. Политичарот го одржал својот однапред напишан говор и кога завршил ги прашал децата:
– Деца, имате ли прашања?
Зоки Поки крева рака:
– Имам 3 прашања:
1. Зошто луѓето во Македонија се толку сиромашни?
2. Зошто сите млади бараат начин да се иселат од Македонија?
3. Зошто судството е под контрола на секоја партија која е на власт?
Политичарот почнува да се поти, но токму во тој момент ѕвони ѕвончето и децата веднаш трчаат надвор од училницата.
По одморот, политичарот пак ги прашува децата има ли прашања. Овој пат рака крева Петар:
– Јас имам 5 прашања:
1. Зошто луѓето во Македонија се толку сиромашни?
2. Зошто сите млади бараат начин да се иселат од Македонија?
3. Зошто судството е под контрола на секоја партија која е на власт?
4. Зошто ѕвончето ѕвонеше 20 минути порано?
5. Каде е Зоки?