Една жена од Њу Џерси, која минатата недела добила помош од бездомник, откако снемала бензин на автопат Филаделфија, собрала повеќе од 110.000 долари за несебичниот добар човек.
27-годишната Кејт МекКлур ја започнала кампањата GoFundMe пред 12 дена откако таа се соочила со проблеми на автопат 95 и Џони Бобит Јуниор ја спасил со неговите последни 20 долари.
Кејт не знаела што да прави кога нејзиниот автомобил застанал на автопатот, во пустината, токму пред полноќ. Таа се јавила на нејзиното момче, Марк и му кажала да дојде и да ја собере. Тогаш од темнината и пристапил Џони.
Поранешниот маринец се загрижил за нејзината безбедност и ѝ кажал да влезе во автомобилот и да ги заклучи вратите, додека тој да оди до најблиската бензиска станица и да донесе бензин. Кејт му одговорила дека во моментот нема пари за да му ги даде, но Џони не се грижел за тоа.
Наредните неколку дена Кејт и Марк се враќале на истиот пат за да му дадат пари, облека и храна на Џони. Исто така, го запознале подобро и разговарале за неговата ситуација. Џони рекол: „Не ми зборувај за немање на среќа, , но не ме сфаќај погрешно, тука сум поради сопствените одлуки. Тука сум само поради моите одлуки. Немам кој друг да обвинам освен самиот себе.“ Кејт и Марк биле изненадени за тоа како Џони одбивал да ги обвини другите за неговата ситуација.
Исто така Кејт и Марк велат дека подароците кои му ги давале Џони ги споделувал со неговите пријатели бездомници и поради тоа тие биле инспирирани да направат повеќе за него. Тогаш Кејт за напишала нејзината приказна на GoFundMe и почнала да собира пари за 34-годишниот Џони. „Посакувам да можев да направам повеќе на овој несебичен човек, кој даде се од себе за да ми помогне тој ден.“, напишала таа на страната за донации.
Донациите за краток период ги надминале бараните 10.000 долари. Со овие пари ќе биде изнајмен стан за Џони и ќе му се купат сите работи потребни за нормален живот, како и да се итегрира повторно во општеството.
Пред да заврши како бездомник, Џони работел во маринците како техничар за муниција. На неговиот Фејсбук профил се прикажани фотографии од посреќни времиња во неговиот живот, вклучувајќи и романтична врска која завршила во 2014 година.
Џони исто така сакал да изгради кариера. Тој одел на обуки за да стане болничар. Ветеранот имал лични и финансиски проблеми, а исто така почнал да консумира и дрога, тој веќе 18 месеци се наоѓа на улица и ова е неговата шанса повторно да застане на нозе.