Мерцедес-Бенц претходно оваа недела објави дека ќе додаде електричен погон за своите комерцијални комбиња, со што ќе ги направи еколошки и релевантни, бидејќи општеството ќе се оддалечи од возилата со дизел мотори. Овој потег доаѓа откако матичната компанија Daimler изјави дека ќе инвестира 10 милијарди долари во електрични возила.
Промената започнува со нивното ново комбе eVito од средна големина, кое ќе биде инсталирано со 41,4 kWh, овозможувајќи да патува до 150 км со едно полнење. Неговиот 84 kW електричен мотор овозможува да се постигне максимална брзина од 120 km/h . Автопроизводителот сега прима нарачки за eVito, иако нарачките нема да бидат исполнети и испорачани до „втората половина на 2018 година“. По лансирањето во 2018 година, дополнителни модели ќе следат во 2019 година.
„Ние сме убедени во потребата од електричен погон во нашите комбиња, особено за употреба во центарот на градот“, изјавил Вокер Морхинвег, шеф на Mercedes-Benz Vans. „Со тоа, електрификацијата на комерцијалната флота не е цел сама за себе, туку ги следи истите принципи како класичен погон кога станува збор за профитабилноста. Со иницијативата eDrive @ VANs, покажуваме дека единствено холистички решенија за мобилност што се протегаат надвор од самиот погон претставуваат вистинска алтернатива за комерцијалните клиенти. eVito е појдовна точка и ќе биде проследена со новата генерација на нашиот Sprinter, како и на Citan.“
Мерцедес-Бенц и Дајмлер претставија повеќе возила без дизел мотори оваа година, вклучувајќи SUV со водород и нивниот електричен полу-камион. Се разбира, тие не се единствените компании со големи планови за иднината на транспортот. Претходно овој месец, Фолксваген се обврза да инвестира 40 милијарди долари во електрични и водородни возила, додека „Џенерал моторс“ прави чекори за лансирање на 20 електрични автомобили до 2023 година.