Имотите во Хонг Конг се меѓу најскапите во светот и два луксузни станови во градот сега се прогласени за најскапи во Азија. Два стана во луксузен комплекс во The Peak се продадени овој месец за 149 милиони долари на еден купувач, објави „Морнинг Пост, Јужна Кина“.
Неидентификуван купувач платил 76,8 милиони долари за стан од 425 метри квадратни и околу 71,7 милиони долари за стан од 394 метри квадратни, според „Вилук имоти“ кој ја надгледува продажбата на имотот. Вториот имот, во ХК $ 132,000 по квадратен метар, е најскапиот имот во Азија во однос на цената по квадратен метар.
Хонг Конг е град со остри контрасти. Според УБС, тоа е најскапиот град во светот за станови, но, во исто време, просечниот животен простор е само 14 метри квадратни по лице. Просечниот квалификуван работник ќе треба да заработува плата 20 години со цел да си дозволи стан од 60 метри квадратни во центарот на градот.
Истиот ден кога излегла веста за најскапиот стан во Хонг Конг властите во Хонг Конг соопштиле дека добиле апликации од 88.000 семејства кои се борат за 620 расположливи субвенционирани домови, што е рекордно високо ниво, откако продажбата на субвенционирано домување продолжила во 2013 година. Становите, кои се продаваат за 30% под пазарната вредност, биле обезбедени од непрофитните даватели на јавни услуги за домување.
Хонг Конг е втор најбогат град во светот, со фискални резерви од над 900 милијарди долари, но помалку од една десетина од неговата површина е зонирана за домување.