Италијанскиот дизајнер Ренато Видал ги презентираше куќите на склопување наречени M.A.Di, кои се произведуваат во фабрика од специјални дрвени модули, а потоа се испорачуваат на местото и едноставно се склопуваат. Купувачот нарачаната куќа ја добива за 30-40 дена, а тим од тројца работници му ја местат за 6-7 часа. Куќата веднаш откако ќе се постави е вселива, односно има и електрична енергија, вода, системи за греење и вентилација, па дури и внатрешна декорација.

Една ваква куќа од 27 квадратни метри чини 25.000 долари, додека куќа со површина од 84 квадратни метри чини 78.000 долари. На купувачите им се понудени неколку средни варијанти, а одлична иновација е и тоа што ако куќата ви стане претесна, во иднина можете да си нарачате дополнителни модули и да си ја проширите. Доколку сакате да ја преместите, и тоа е можно. Куќата многу лесно се склопува и се пренесува на друго место. Првите вакви куќи ќе се склопат по Нова Година и тоа во Северна Европа, САД и Австралија. Интересот е огромен, со оглед на цените на недвижностите таму.

 

Сподели на Facebook
пати видено