Лесно е да се заврши во затвор, но многу е тешко да се излезе од него, а понекогаш и невозможно. Сепак некои луѓе не сакаат да си ги одлежат своите казни и бараат „креативни“ начини за да избегаат од затворот. Овие 5 бегства од затвор се едни од најсмелите и се главна причина зошто треба да се вложува во безбедносните системи на затворите.
Prison Maze во Ирска
Кратко по 2:30 на 25 септември 1983, 38 затвореници ја презеле контролата врз Блок Х, напаѓајќи ги чуварите. Некои од бегалците ја земале облеката и клучевите од автомобилите на чуварите за да побегнат. Во 3:25 часот пристигнал камион за испорака на храна и затворениците го земале возачот за заложник и му кажувале каде да ги вози. Во 3:50, камионот го напуштил затворот со сите 38 затвореници. Во следните неколку дена 19 затвореници биле фатени. Некои биле пронајдени во САД и екстрадирани назад. Во текот на целата операција, еден стражар починал, 20 други биле повредени, вклучувајќи и двајца кои беа застрелани со оружје нелегално внесено во затворот.
Алфред Хиндс
Алфред Хиндс е криминалец кој успеал да избега 3 пати за целиот 12-годишен период зад решетки. Тој избегал од затвор во Нотингем, качувајќи се низ затворени врати и скокајќи преку ѕидот на затворот од 16 метри, поради што го нарекуваат Худини Хиндс. Неговото последно барање за ослободување било во 1960 година, но тој повторно бил одбиен.
Седморката од Тексас
Седморката од Тексас е група затвореници кои успеале да избегнат од Џон Конали на 13 декември 2000 година. Седуммината си составиле план, користејќи ги часови од денот кога имало намалку обезбедување. Тие ги намамиле чуварите и ги претепале, потоа им ја зеле облеката, клучевите и кредитните картички. Во моментов тројца чекаат за извршување на казна со смртоносна инјекција, другите тројца веќе се егзекутирани, а седмиот извршил самоубиство пред да биде фатен.
Затворот Либи
Бегството од „Libby“ е едно од најпознатите и успешни бегства, спроведено за време на Американската граѓанска војна. Во ноќта од 9 до 10 февруари 1864 година 109 затвореници успеале да избегаат од затворот. 59 од нив успеале да стигнат до блиските железнички пруги, 48 биле заробени и 2-ца се удавиле во реката Џејмс. Затворениците успеале да стигнат до визбата, нарекувана „пеколот на стаорците“, што веќе не се користел поради стравувањата од инфекции и ископале тунел. По 17-дневно копање, тие излегле од источната страна на затворот.
Паскал Пајет
Паскал успеал да избега два пати од строго чуваниот француски затвор со помош на украден хеликоптер. Тој добил 30-годишна затворска казна за убиство кое се случило за време на кражба. По неговото прво бегство во 2001 година, Паскал бил фатен и добил уште седум години на казната. Двајца неговите пријатели успеале да земат пилотот на хеликоптерот како заложник и да го спасат Паскал. Вториот пат е исто, но Паскал е повторно фатен, овој пат во Барселона. Иако се подложил на неколку пластични операции, шпанските власти сепак го препознале.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.