Кога го сакате вашето милениче, веројатно би сториле сѐ за него, но мора да се согласиме дека сепак треба да се има граница.

 Златната рипка со запек, пред операцијата

17b8e78f09628c3f7aacd0344d6d4904_650x

Според BBC News, еден човек од Норфолк ја донел неговата златна рипка која страдала од запк во ветеринарниот центар Тол Барн во Норт Валшам за да ѝ ја отстранат пречката поради која кутрата рипка не можела да се олесни. По пресметувањето на можностите, човекот бил среќен да даде 300 фунти (383 евра) за неговото другарче да продолжи да плива. Рибата ја подложиле на анестезија и ја подвргнале на операција која траела речиси еден час. Операцијата минала успешно и рибата е жива и здрава.

Ова не е единствената златна рипка која била подложена на хируршка интервенција

ec50654d7ab8f7a6e299ef63dcc3a1fd_650x

Во септември CBS News објави дека десетгодишната златна рипка со име Џорџ била донесена во Болницата за животни Лорт Смит во Мелбурн, Австралија, на ризична операција за отстранување на тумор. Тоа било прашање на живот или смрт за Џорџ, но 45-те макотрпни минути и 200-те долари по операцијата, Џорџ можел повторно да си плива безгрижно во својот аквариум.

Сподели на Facebook
пати видено