Шизофренијата е тешко умствено нарушување чиишто симптоми се движат од ненормално социјално однесување до слушањето гласови и неспособноста да се распознае што е реално а што нереално. Често е придружено со тешки душевни состојби како депресија и вознемиреност. 50 проценти од луѓето кои страдаат од шизофренија се зависни од разни лекарства и наркотични средства како начин да се справат со болеста. Но, некои од нив се свртеле кон нешто помалку штетно како начин да се справат со нивниот проблем: уметноста.

Следните уметнички дела се создадени од луѓе кои страдаат од шизофренија. Иако некои не се пријатни за гледање, на нивните творци делата им помагаат да го визуелизираат немирот во нивните глави, што нивните мисли ги прави помалку неподносливи.

1. „Електрицитетот прави да лебдиш“ од Карен Блер

sz01

2. Забележете ја разновидноста на расположенија во суштествата налик на цисти кои никнуваат од главата на човекот – ова дело ја претставува збунетоста која шизофренијата може да ја предизвика.

sz02

3. Ова се дела на непознат шизофреничен уметник кој се обидел да го изрази кошмарот во неговите мисли

sz03 sz04

4. Овој интригантен цртеж е дело на Едмунд Монсиел, уметник од почетокот на дваесеттиот век за кој се верува дека бил шизофреничен.

sz05

5. Овој цртеж е најден во стара лудница, а нејзиниот творец бил параноиден шизофреничар.

sz06

6. Нечестив приказ на страдањето од Ерик Бауман

sz07

7. Во педесеттите на минатиот век, Чарлс Стивен почнал опсесивно да создава уметност на хартија за завиткување. Неговата опседнатост со трансформацијата е очигледна.

sz08

8. Овој уметник страда од редок случај на параноидна шизофренија која причинува да има визуелни халуцинации. Една од неговите визии е фигурата која тој ја нарекува „Свенатиот“, прикажана подолу.

sz09

9. Морничав и чуден, но веројатно точен приказ на тоа како изгледа внатрешниот свет на човек кој страда од шизофренија.

sz10

10. Ова дело наречено „Мотивите на манијата“ ја прикажува шизофренијата како злокобно сениште.

EPSON scanner image

11. Карен Меј Соренсен неодамна започна да ги поместува границите на нејзиното „лудило“, објавувајќи цртежи и слики на нејзиниот блог кои ги создала под влијание на разни лекарства.

sz12

12. Серија слики со мачки на Луис Вејн од почетокот на дваесеттиот век. Прикажуваат бавно паѓање во различни степени на шизофренични епизоди.

sz13

13. Уште еден пример за хаотичниот внатрешен свет на шизофренијата, дело на Џофра Драак.

sz14

14. Ова дело ги отсликува звучните халуцинации кои се поврзани со оваа болест.

sz15

15. Овој шизофреничен уметник се чувствува заробен од сѐ околу него.

sz16

16. Уште едно дело на Драак од 1967 година, која го прикажува шизофреничниот пекол.

sz17

Сподели на Facebook
пати видено