Вообичаено малите деца и смртоносните змии не се добра комбинација. Но, семејството Гуарино не е обично семејство. Џејми Гуарино целиот свој живот работел со змии, па така тој повеќе ужива во друштво на змии отколку во друштво на кучиња или мачки. А сепак, доста шокантно е да се види неговата четиринаесетгодишна ќерка Алиса да се тркала по подот со огромниот бурмански питон по име Неј-Неј.
Ова е Џејми Гуарино, кој работи со змии од неговите шеснаесет години.
Тој повеќе ги сака змиите од вообичаените миленичиња.
Своите две ќерки Криста и Алиса ги расте крај егзотични змии уште од нивното раѓање.
Ова е Алиса, стара само четиринаесет месеци, која си игра со десетгодишниот бурмански питон Неј-Неј.
Џејми смета дека човек не мора да се плаши од змиите и дека тие можат да бидат особено мили домашни миленичиња. Во иднина планира да отвори зоолошка градина за егзотични рептили.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!