Може да се каже дека досега сите сме го гледале или сме слушнале за филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ и за неговиот главен лик Ханибал Лектор, брилијантен психијатар и канибалистички сериски убиец. Но, малкумина се запознаени дека ликот на Ханибал Лектор одговара со карактеристиките на вистински сериски убиец по име Роберт Модсли, кој исто така бил именуван како најопасен затвореник во Британија. Овие 10 факти го опишуваат неговиот живот, а воедно и причината поради која ги извршил неговите одмазнички злосторства.
10. Физичка и сексуална злоупотреба
Роберт Модсли бил роден во Ливерпул, 1953 година и кога имал две години бил однесе во сиропиталиште, а кога бил вратен на неговите родители кога наполнил осум години почнале неговите страдања. Неговиот татко физички, психички и сексуално го малтретирал малиот Роберт. кога наполнил 16 години тој побегнал во Лондон.
9. Проституција
Во Лондон тинејџерот завршил на улица, станал зависник од дрога и почнал да се проституир за да си ја обезбеди истата. Тој неколку пати во овој период бил на психијатар каде што изјавил дека слуша гласови кои му велат да ги убие неговите родители.
8. Убиец на педофили
Кога имал 21 година Роберт бил најмен од Џон Фарел за секс. За тоа време Фарел му покажал на Роберт фотографии каде што тој (Фарел) има сексуален однос со деца. Роберт тогаш збеснал и го убил Фарел. Судот сметал дека Роберт не бил способен да расудува и затоа бил испратен во лудница. Тогаш, во 1977 Роберт повторно нападнал. Тој го убил неговиот цимер во лудницата, Давид Францис. Кога чуварите влегле во просторијата левата страна од главата на Давид била отворена, а во мозокот имал лажичка. Чуварите веруваат(не е докажано) дека Роберт го јадел мозокот на жртвата и преку овој „гест“ луѓето го поврзуваат со Ханибал. Давид исто така бил педофил, кој се лекувал. За оваа убиство Роберт бил осуден да лежи во затвор и бил префрлен во затвор со максимална безбедност. Тој успеал и таму да убие, дури двајца мажи, во ист ден, од кои повторно едниот, Сарни Дарвуд, бил сексуален престапник.
7. Крвавиот одмазник?
Во истиот ден кога го убил Сарни, Роберт го убил и Бил робертс, а потоа мирно излегол од ќелијата и им кажал на чуварите дека денес ќе има двајца помалку за ручек. Иако убиствата кои ги извршувал Роберт биле брутални, сепак тој одлучил да убива само затвореници и сурови криминалци. Поради тоа некои го сметаат и за одмазник.
6. Тој бил непознат за јавноста
Роберт бил нарекуван „Синиот“, „Лажицата“ и „Ханибал Канибал“ од страна на затворениците. „Синиот“ затоа што жртвите станувале сини додека ги давел. „Лажицата“ затоа што по второто убиство им ги јадел мозоците на жртвите и последното по ликот на Ханибал. Неговите злосторства биле познати само внатре во затворскиот систем се додека Британските весници не почнале да објавуваат наслови дека тој е „Вистинскиот Ханибал Лектор“, по неговото четврто убиство.
5. Најопасниот затвореник во Британија
Бидејќи бил опасен за останатите затвореници Роберт бил трајно ставен во самица. Роберт 12 години не добил потстрижување на косата затоа што ниту еден бербер од затворот не сакал да го стори тоа. Кога имал вежби, надвор, по еден час на ден, бил придружуван од 6 затворски чувари.
4. Затворска ќелија идентична како онаа на Лектор
Роберт бил сместен во ќелија која била обложена со стакло отпорно на куршуми. Исто така имало и голема челична врата и мала дупка низ која му била давана храната. Ова многу наликува на ќелијата која подоцна ќе му биде доделена на ликот на Ханибал.
3. Екстремна изолација
Роберт поминал цели 39 години во самица, заклучно со 27 јуни 2017 година. Тој барал од властите да му дозволат да чува папагалче или пак да му дадат каспула цијанид за да си го одземе животот.
2. Тој е многу интелигентен
Според истражувањата кои се спроведени врз него Роберт има висок коефициент на интелигенција и многу сака да слуша класична музика. За жал ниту еден новинар веќе 20 години не се обидел да го контактира и да дознае повеќе за неговата приказна.
1. Роберт се однесува нормално
Роберт се однесува нормално на многу начини иако е скоро 40 години во самица. Тој поднел барање да студира додека е во затвор, има телевизор и Playstation 2 во неговата ќелија, а неговиот 64-ти роденден го поминал играјќи Call of Duty. Многу луѓе до ден денес се запрашуваат дали Роберт Модсли, убиецот на педофили и претставен на јавноста како „Ханибал Лектор“, навистина заслужил целиот свој живот да го помине во самица.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.