Островите нудат изолација која што ја зголемува имагинацијата кај луѓето и тие измислуваат приказни кои останале да не забавуваат и интригираат и до ден денес. Овие острови од фолклорот не се идеална дестинација за одмор, бидејќи, нормално, не постојат, а и зад нив се кријат мрачни приказни.

Авалон

Кога кралот Артур бил смртно ранет неговото тело било однесено на магичниот остров Авалон. Авалон, островот на јаболките, бил исто така дом на вештерката Моргана, за која што се надевале дека ќе успее да го излекува кралот. Оттогаш се верува дека Моргана го ставила Артур во хибернација и дека тој ќе се врати од Авалон кога на Британија ќе и биде потребна помош.

Бујан

Во словенскиот фолклор, островот Бујан е еден вид рај. Тоа е дом на Сонцето и ветровите и е остров од кој доаѓа времето. Семе од секое растение во светот може да се најде таму. За жал, за оние што го бараат ова небо на Земјата, островот Бујан има навика да исчезне и повторно да се појави по случаен избор. Во средината на островот има магичен бел камен, наречен Алатир. Се вели дека го означува центарот на универзумот, а од него течат реки со способност да ги излечат сите повреди и болести. Секој што ќе најде Алатир ќе добие вечна среќа.

Остров на Демоните

Младата Маргарита тргнала кон Новиот свет за да се омажи за нејзиниот свршеник. Но за време на патувањето се заљубила во едно момче на бродот. Капетанот бил револтиран од нејзината постапка и затоа ја оставил Маргарита, момчето и една медицинска сестра на островот познат како Остров на Демоните, каде што сите требало да бидат убиени од демоните. По две години брод кој поминувал покрај островот ја спасил Маргарет која била единствениот преживеан.

Тир На Ног

Ова е остров од Ирската митологија и се смета за стров на вечната младост. Нема болести, болка или глад. Легендата вели дека херојот Оисин се заљубил во една девојка на островот и останал со неа. Но по една година сакал да ја посети родната земја и девојката му дала магичен коњ, но му кажала дека не смее да се симне од коњот и да ја допре земјата. Оисин кога стигнал во неговата земја видел селани во неволја и за да им помогне се симнал од коњот. Тогаш се претворил во старец, бидејќи една година на Тир На Ног се стотици години во светот на смртниците.

Симплегади

Симплегади потекнува од грчката митологија и тоа биле всушност две големи карпи во морето, кои се спојувале кога поминувал некој брод. Се сметало дека никој не можел да помине и дека магичниот остров не може да се победи. Сепак според митот за Јазон и Аргонаутите, тие успеале да ги победат големите карпи така што пуштиле див гулаб меѓу карпите и кога тој успеал да помине и карпите успеале да фатат само неколку од перјата на опашот, Јазон со голема брзина тргнал помеѓу карпите додека тие повторно се разделувале. Тие не можеле да постигнат повторно да се затворат и така Јазон ги надмудрил и тие повторно никогаш не се затвориле кога поминувал брод.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено