Ајде да се соочиме со тоа, без разлика колку долго сте во врска периодот на „меден месец“ нема да трае вечно. Потребно е да се надминат многу тешки моменти и искушенија се тестира силата на врската. Но, со секој тест, исто така, доаѓа и ризикот од неуспех.
Кога ќе се венчаат сопружниците даваат завет дека ќе бидат верни еден на друг. Сепак ова не останува секогаш така. Психолозите велат дека по 7 години брак сопружниците почнуваат да се оддалечуваат еден од друг и среќата и задоволството од врската почнува да се намалува, а желбата за „талкање“ се зголемува.
Истражувачкиот тим од Израел ги разгледал причините зошто луѓето кои биле во искушение да изневерат успеале да му се спротивстават. Она што го откриле, објавено во The Journal of Sex Research, било во кои ситуации мажите и жените од Европа и Америка најчесто изневеруваат. Истражувањето покажало дека имало бројни причини зошто оние што учествувале во прашалникот се спротивставиле на тоа да бидат неверни, најчесто во врска со нивниот морален компас и стравот да бидат сами.
Додека во истражување спроведено врз 2.000 мажи и жени од Европа и САД се набројани 5-те главни причини поради кои мажите и жените изневеруваат.