Русинка упаднала во канцеларијата на една локална телевизиска презентерка, докторка по професија, и почнала да ја тепа поради тоа што била љубоморна бидејќи нејзиниот сопруг бил вљубен во водителката.
Инцидентот се случил пред еден месец, но видеото излегло во јавност неодамна. Повредената жена е гинеколог-акушер, Лариса Шаманова, која исто така има своја емисија поврзана со медицината и здравјето.
„Жената што ме удира се вика Фатима Сазарукова, разведена мајка на две деца. А видеото го снима нејзината снаа.“, објаснува Лариса.
Според неа, пред две години се запознала со вработен во одделот за кривични истраги Ислам Семенов.
„Нашите односи не траеа долго, бидејќи ми се јави Фатима Сазарукова и ми рече дека таа и Ислам имаат афера и дека ќе се венчаат.“, вели водителката.
Таа повеќе не комуницирала со детективот, кој неодамна одлучил да ја напушти Фатима.
„Од некоја причина таа сфатила дека тој ја остава поради мене и дека ќе се ожени со мене.“, вели Лариса.
Како резултат на тоа, Сазарукова и нејзината снаа побрзале во канцеларијата на гинекологот, ја зграпчила за коса и почнала да ја тепа.
„Јас ја пријавив во полиција, а таа бараше да ја повлечам тужбата, кога не го сторив тоа, таа ја објави снимката.“, објаснува оштетената.
Моментално се спроведува истрага во врска со нападот на Лариса о страна на Фатима.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!