Идеалниот маж е мускулест, мудар, интелигентен, храбар како воин и постои само на интернет. Секоја жена има свои критериуми за убавина, но научниците постојано се обидуваат да ја прикажат сликата за идеалниот маж. Ова се 11 карактеристики за атрактивноста на мажите од научна гледна точка. Некои од нив се добро познати, а некои ќе Ве изненадат.
11. Дебели веѓи и коцкаста брада
Ова се главни карактеристики за зголемена машкост. Жените ги претпочитаат мажите со овие карактеристики кога бараат долгорочна врска.
10. Брада
Научниците спроведоа интересни истражувања за да дознаат како влакната на лицето влијаат на убавината на мажот. Жените биле поканети да ги оценуваат мажите со различни бради. Имаше избричени мажи, мажи со малку брада, мажи со густа брада (што се појавува на десеттиот ден) и мажи со голема, долга брада. Жените најчесто ги сакале мажите со густа брада бидејќи ги поврзувале со зрелост и машкост.
9. Лузни
Научниците им покажале на жените мажи со и без лузни. Некои жени претпоставиле дека лузните се резултат на насилство (тие биле, всушност, Фотошоп). Се чини дека лузните од куршуми се поатрактивни од лузните од пад од велосипедот.
8. Срамежлива насмевка
Ако мажите сакаат да бидат попривлечни нивната насмевка треба да биде како мамка. Уште подобро е ако на нивните лица има трага од срам и достоинство. Научниците сметаат дека ова објаснува зошто жените сакаат лоши момци. Научниците исто така докажаа дека женската насмевка е моќна алатка кога станува збор за крадење на срцето на мажот.
7. Години
Ако жена треба да одлучи помеѓу убав маж на нејзина возраст и ист таков маж кој е постар, таа ќе се одлучи за постариот. Луѓето стануваат помудри, посигурни и независни како што стареат. Возраста на мажите навистина не влијае врз плодноста (зависи од неговиот животен стил), затоа нема ризици ако жената избере постар партнер. Научниците ја нарекуваат оваа карактеристика Џорџ Клуни Ефект.
6. Штедливи
Многу е романтично да продадете сè за да купите милиони цвеќиња, но не секоја жена цени такви потези. Жените преферираат мажи кои можат да заштедат пари,но не затоа што можеби имаат повеќе заштеда. Причината е дека штедливите луѓе даваат впечаток дека имаат голема самоконтрола, а тоа ја зголемува нивната атрактивност.
5. Домашни миленици
Кога една жена го гледа мажот со својот миленик, научниците се сигурни дека мисли: „Ако некој има милениче, веројатно ќе може да се грижи за нашите деца и за мене“. И тоа е причината зошто жените ги сметаат таквите мажи за поатрактивни.
4. Црвена облека
Веројатно сте слушнале за тоа, но ние ќе го повториме. Научниците докажаа дека мажите во црвена облека се поатрактивни за жените. Патем, жените исто така ги зголемуваат своите шанси со носење црвени алишта.
3. Свирење на музички инструмент
Уште еден корисен експеримент. Еден ист маж побарал телефонски броеви од девојки во три ситуации, во една бил со празни раце, потоа со гитара во рацете и со торба од теретана. 35% од жените му го дале бројот кога бил со гитара, 14% кога бил со празни раце и само 9% кога бил со торбата за теретана. Но, што ќе се случеше да носеше хармоника?
2. Мирисот на телото по јадење на лук
Ние едвај можеме да поверуваме, но тука се и некои факти. Мажите биле поделени во две групи: првата група јадела леб и сирење, а втората група јадела леб, сирење и 12 грама лук. Потоа, од нив било побарано да стават парчиња памук под пазувите и да не користат дезодоранси цел ден. Потоа жените ги мирисале парчињата памук и заклучиле дека оние кои припаѓале на мажите кои јаделе лук мирисаат подобро.
1. Смисла за хумор
Во бар неколку момци(актери) седеле на една маса во близина на некоја девојка. Еден од нив ќе кажел шега, а потоа ќе заминел до масата на девојката за да ја праша за нејзиниот број. Потоа чекале да дојде друга девојка и повторно едниот маж кажува шега, но овој пат бројот го бара друг маж кој не кажал шега. На крајот од експериментот е заклучено дека мажот што кажувал шеги добил повеќе броеви од девојки за разлика од оние кои не го правеле тоа.
Еве како треба да изгледа совршениот маж од научна гледна точка