Колку пари треба да украде човек, за да биде прогласен за најкорумпирана Американец на сите времиња? Најпопуларниот политичар од XIX век Вилијам Твид (1823г.-1878г.), За време на својата политичка активност украл преку корупциски шеми, сумата од 200 милиони долари. Таа била споредлива со тогашниот надворешен долг на САД. За споредба, во 1867 година, Русија ја продала Алјаска на САД за 7 милиони долари.
Таткото на Вилијам бил мајстор за мебел, а младото момче чесно ја започнале својата кариера. Потоа изработувал самари, работел сметководство во списание за тутун, а на 19 години добил мал дел во фабрика за производство на четки. Во 1848 година. младиот Вилијам станува член на противпожарната бригада. Тој напредувал во својата бригата и кога почувствувал дека може тој самиот формирал своја противпожарна бригада наречена „Големата шесторка“. Бригатата станала најдобра во Њујорк, а Твид бил назначен за началник. Ова веќе бил директен пат до Домот на старешините.
Во средината на деветнаесеттиот век во Њујорк, овој орган се занимавал со многу важни прашања: лиценцирање, дозвола за работа, контрола на транспортот, регулирање на деловните активности во градот. Корупцијата таму се сметала за вообичаена. Луѓето дури и го викале овој совет „Четириесет разбојници“ според бројот на неговите членови. Но, кога Вилијам Твид станал член, сите претходни коруптивни зделки почнале да изгледаат како за мали деца.
Корупцијата започнала со поскапување на сите урбани објекти, на пример за гробишта за бездомници биле назначени 105.000 долари, но во реалноста само 30.000 биле потрошени. Останатите пари оделе кај Твид. За да се стане учител со плата од 300 долари годишно, било потребно да се стават во џебот на Твид 75 долари. Повеќе платените позиции чинеле многу поскапо.
Енергијата на Твид била забележана „секаде каде што треба“. Го избрал сенатот во државата Њујорк, а потоа и во американскиот Конгрес, а највисоката точка на неговата кариера била Надзорниот одбор на Њујорк. Секој бизнисмен кој сакал да гради нешто во Њујорк морал прво да му плати голема сума на корумпираните вработени. А главниот рекетар, Вилијам Твид, станал лидер на Демократската партија во Њујорк.
Но, тој не се ограничил само на „донации“ од претприемачите. Исто така се зголемило митото за издавање на официјални документи, се купувале „маси,столови“ 5 пати поскапи од реалната цена. Споменик на корупциските активности на Твид е зграда, која и денес се нарекува „Судот на Твид“, за која вистинската цена изнесувала 1,5 милиони долари. Но, општината платила 13 милиони.
Сепак, Вилијам Твид бил поразен од најобични новинари. Против него, весникот Њујорк тајмс и неделникот Харпер пишувале статии. Страниците на овие изданија почнале да се полнат со карикатури на Твид. На крајот, тој бил уапсен. Го осудиле на 12 години затвор, но Врховниот суд на САД ја намалила казната на една година. Оваа одлука предизвикала бура на огорченост кај граѓаните на Њујорк. Твид повторно бил уапсен и суден, но на крајот на 1875г. успеал да избега во Шпанија.
Но, тој немал до толку среќа. Таму тој случајно бил виден од американски турист кој го пријавил во полиција. Твид бил уапсен и протеран назад. На 12 април 1878 година тој починал од пневмонија во затворот Ладлоу, кој, иронично, бил изграден од него. Се разбира, 15% од затворските пари завшиле во неговиот џеб.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.