Маж и жена вечераат во луксузен ресторан. Одеднаш, атрактивна млада девојка приоѓа до нивната маса, се приближува до сопругот и нежно го бакнува на устата. Потоа младата девојка си заминува.
– Абе која беше оваа?! – Прашува налутено сопругата.
– Па, како која? Мојата љубовница, се разбира!
– Љубовницата а?! Веднаш барам развод! – вели жената, видно вознемирена.
– Дали си сигурна, драга? Сигурна ли си дека сакаш да се откажеш од нашата огромна куќа со базен, од накитот, од одморите во Дубаи и сите други бенефиции?
Следниот половина час настапува напната атмосфера на масата. Двајцата молчат. Одеднаш, жената кришум го шиба мажот со лактот во ребрата и бели:
– Драги, тоа на соседната маса Столе ли е? Која е таа со него?
– Да, тој е, а жената со него му е љубовница.
– А така значи… – вели сопругата замислено лижејќи ја лажичката од десертот. – Е па нашата е многу позгодна од неа!