Пред една година во својот говор во Оксфордскиот Универзитетски сојуз, легендарниот Стивен Хокинг изјави дека човештвото може да преживее уште 1.000 години, пред некое време изјави дека периодот може да се намали на 600 години. Сепак сите не интеренсира што би се сменило за 1.000 години со оглед на тоа што технологијата вртоглаво се менува и усовршува секој ден.
9. Луѓето ќе живеат илјада години.
Милијардерите веќе инвестираат милиони долари во истражувања за забавување или запирање на стареењето. За 1.000 години, медицинските инженери можеби ќе можат да дизајнираат лекови за секоја компонента која предизвикува ткива да стареат. Алатките за уредување на гените се веќе тука, кои потенцијално би можеле да ги контролираат нашите гени и луѓето да бидат имуни на болести.
8. Луѓето ќе се преселат на друга планета.
За 1.000 години од сега единствениот начин за преживување на човештвото може да биде да се воспостават нови населби во вселената. SpaceX има мисија „да им овозможи на луѓето да станат вселенски цивилизации и повеќепланети видови со изградба на самоодржлив град на Марс“. Основачот на компанијата, Илон Маск, се надева дека ќе го реализира првото лансирање на вселенското летало до 2022 година, а ќе има 4 лета до Марс до 2024 година.
7. Сите ќе изгледаме исто.
Во својот шпекулативен експеримент, д-р Кван претпоставува дека во далечна иднина (повеќе од 100.000 години од сега) луѓето ќе развијат поголемо чело, поголеми ноздри, поголеми очи и повеќе пигментирана кожа. Научниците веќе работат на начини за уредување на геномите за родителите да изберат како нивните деца ќе изгледаат.
6. Ќе има супер-брзи интелигентни компјутери.
Во 2014 година, суперкомпјутер извршил најточна симулација на човечкиот мозок досега. За 1.000 години од сега, компјутерите се предвидени да се совпаднат и да ја надминат пресметковната брзина на човечкиот мозок и да ги решат задачите за кои на нормален компјутер ќе му треба една деценија за да ги реши. Во новиот век, квантните компјутери ќе бидат корисни во развојот на поефикасни лекови и дијагнози, подобрување на истражувањата на вселената и помагање на автомобилите сами да се возат. Во исто време, квантните компјутери би можеле да претставуваат вистинска закана за приватноста и безбедноста на информациите.
5. Луѓето ќе станат киборзи.
Машините веќе можат да го подобрат човечкиот слух и видот. Научниците и инженерите развиваат бионични очи за да им помогнат на слепите луѓе да видат. За 1000 години од сега, спојувањето со технологијата може да биде единствениот начин за човештвото да се натпреварува со Вештачката интелигенција. Соединувањето на човечките умови со компјутерите ќе создаде супер-мозок кој би можел да решава комплексни равенки и да го пребарува интернетот само со размислување.
4. Масовното истребување е на пат.
Последното масовно истребување ги избриша диносаурусите од лицето на Земјата. Една неодамнешна студија покажа дека стапката на истребување на видовите во 20 век е до 100 пати повисока отколку што би била без човечко влијание. Според некои научници, само постепеното намалување на човечката популација може да и помогне на цивилизацијата да преживее.
3. Сите ние ќе го зборуваме истиот глобален јазик.
Главен фактор што најверојатно ќе доведе до универзален јазик е рационализирањето на јазиците. Лингвистите предвидуваат дека за 100 години од сега 90% од јазиците ќе исчезнат поради миграцијата, а оние што ќе останат ќе станат поедноставени.
2. Зградите ќе се соберат и расклопат на команда.
Во иднина, луѓето веројатно ќе можат да создадат виртуелен свет околу нив, користејќи го концептот на „корисна магла“. Идејата за „корисна магла“ беше воведена од д-р Хал и претставува полиморфен материјал составен од трилиони меѓусебно поврзани микроскопски „роботи“ кои во суштина можат да создадат каква било форма.
1. Нанотехнологијата ќе ја реши кризата со енергијата и загадувањето.
За 1.000 години од сега, нанотехнологијата ќе може да исчисти еколошко оштетување, да ја прочисти водата и воздухот и да ја користи енергијата на Сонцето. Нови материјали ќе одговорат на потребата за нова еколошка и поефикасна технологија за складирање на енергија.