Што предизвикува еден човек да стане сериски убиец? Иако психолози и криминолози со децении работат на прецизно дефинирање и идентификување на тоа што предизвикува едно лице да изврши такви ладнокрвни убиства, повторно и повторно, се плашиме дека одговорот на ова прашање би можел да биде многу покомплициран отколку што мислиме. Причините за психопатија остануваат мистерија.

Прокрустес

Во грчката митологија го сретнуваме првиот сериски убиец. Прокрустес исто така познат како „истегнувач“ е легендарниот убиец од Атика, кој имал куќа до патот и им нудел на луѓето кои патувале да преноќат во неговиот дом. Тој им нудел храна и одмор на неговиот „специјален“ железен кревет. Доколку жртвата била прекратка за креветот тогаш тој го истегнувал нејзиното тело за да биде точно, а доколку била премногу долга тогаш им ги сечел нозете. Прокрустес подоцна бил убиен на ист начин од посилниот Тесус.

Лиу Пенгли

Додека историчарите сè уште дебатираат дали Прокрустес навистина постоел, Лиу е навистина првиот сериски убиец за кој има податоци. Исто така познат како „Принцот од Јидонг“ овој принц мислел дека имал дозвола да убива. Тој убивал робови и млади мажи кои бегале од законот. Тој убил над 100 луѓе, а кога кралот открил каков е неговиот син наместо казна затвор или смрт, го оставил без титула и го избркал од кралството.

Анула од Анурадхапура

Анула била првата кралица на Шри Ланка која имала толку моќ. Нејзиното владеење било исполнето со тајни љубовни афери, серија убиства, многу отров и многу трагичен крај за кралицата. Анула го отрула нејзиниот син и четворица сопрузи на нејзиниот пат до престолот. Таа била соборена од престолот и изгорена жива.

Локуста од Галија

Имајќи ја не толку ласкавата титула „првата жена сериски убиец во историјата на Западот“, Локуста живеела во Рим пред повеќе од 1.900 години. Инвентивена, ладна и исклучително интелигентна, Локуста била посветена, маестрална ботаничарка која користела хемија за да им предизвика на луѓето срцев удар за забава и профит. Таа, наводно, учествувала во атентатите на Клаудиус и Британикус и таа била една од најпознатите омилени луѓе на Нерон, кој ја користел како тренер за други амбициозни „отровници“ во неговата служба. По смртта на Нерон, Локуста била убиена од неговиот наследник, Галба.

Зу Шенатир

Зу Шенатир бил еден од најбогатите жители на Химиаритското кралство (денешен Јемен), кој живеел во Аден во 5 век од н.е. Освен по неговото богатство, Зу Шенатир станал познат по тоа што бил садист, педофил и сериски убиец кој ги заведувал младите момчиња во својот дом со ветување за храна и пари, но наместо тоа, ги соблекувал и ги силувал, а потоа ги убивал. Најчесто ги убивал своите жртви така што ги фрлал голи од прозорецот од горниот кат на неговиот дом. Тој на крајот бил убиен од една негова жртва.

Алис Китлер

Многу невини жени биле убиени затоа што биле обвинети за вештерство. но тоа не бил случајот и со Алис која била благородничка која го отрула нејзините четворица сопрузи, а била обвинета из а ерес и за вештерство. За нејзината среќа, таа избегала во Англија пред да биде уапсена, а нејзината судбина останува непозната.

Жил де Раис

Жил де Раис бил витез и лорд од Бретања, исто така бил и дел од борбата предводена од Јованка Орлеанка. Францускиот благородник, сепак, имал многу одвратна и темна страна што го прави еден од најлошите сериски убијци на сите времиња. Тој признал дека мачел, силувал и убил над 140 деца од 1432 до 1440 година. Тој и неколку негови соучесници во убиствата биле обесени на 26 октомври 1440 година.

Питер Штамп

16 век во Европа било време на хистерија од врколаци. Најпознатиот бил Питер кој убил и изел четиринаесет деца, вклучувајќи го и сопствениот син и две бремени жени. Исто така бил обвинет и дека имал сексулана врска со ќерка му. Тој ги признал неговите злосторства и тврдел дека ѓаволот му дал магичен појас преку кој тој се претворал во волк и ги извршувал делата. Тој и неговата ќерка биле егзекутирани на многу брутален начин како предупредување за ваквото однесување.

Питер Нирс

Питер Нирс бил германски сериски убиец и канибал, кој бил егзекутиран на 16 септември 1581 година во близина на Нирнберг. Исто така, се верувало дека тој бил моќен црн волшебник, со многу натприродни способности и само неговата слава ги тероризирала селата. Врз основа на признанија извлечени од него и неговите соучесници под тортура, тој бил осуден за 544 убиства, вклучувајќи 24 фетуси извадени од бремени жени. Наводно, остатоците од фетусот требало да се користат за магија и за акти на канибализам.

Кристман Генипертеинга

Кристман се смета за најсвирепиот сериски убиец во историјата. Тој беше толку горд на своите злосторства што дури и водел дневник во кој ги детализирал сите убиства на не еден, не две, туку 964 лица. Покрај овие докази, тој спремно ги признал убиствата со чувство на супериорност, додавајќи дека доколку ја достигнал својата цел на илјада жртви, тој би бил уште посреќен. На 17 јуни 1581 година, тој бил осуден на смрт со тркало за мачење, тој бил намерно одржуван во живот неколку дена за да може да ја чувствува болката и измачувањето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено