Пирамидата која е доказ дека човештвото може да го направи она што изгледа невозможно, крие уште многу мистерии во себе. Научната мисија со специјална опрема вклучувајќи инфрацрвени термографски скенери, муографија и 3Д симулатори, започна во 2015, за во 2016 да може со сигурност да детектира дека на северната страна на пирамидата постои неоткриен ходник, кој бил користен како влез во некои простории. Денес 3 независни тима потврдија постоење на голема празнина 47 на 8 метри, во која сѐ уште никој не влегол. Неоткриениот простор зафаќа волумен од 600 метри кубни, а може да се работи и за неколку поврзани простории.
Наредниот предизвик за научниците е да откријат како да влезат и да ја дознаат целта на овие 2 откритија, тунелот и големата просторија.