Балканот е полн со приказни и легенди за мистериозни, злобни суштества кои можат да не фатат во водата или пак не демнат во мракот. Често кога сме правеле бели како деца, нашите родители не плашеле со овие суштества за да воведат малку дисциплина. Тогаш слепо сме верувале во зборовите на нашите родители, несвесни дека најголемите „ѓаволчиња“ во тие ситуации сме биле ние самите.
Ала
Во споредба со другите суштества, Алите се релативно млади. Тие не се толку стари колку и Водењаците, но сепак можеме да кажеме дека приказните за нив се од одамна. Алите живеат во езера или реки, но исто така можат да летаат и да трчаат брзо. Овие речиси смешни суштества секогаш носат голема лажица, за да можат да јадат колку што можат. Тие имаат големи глави и огромна уста. Алите се опасни суштества. Луѓето наводно ги ловеле и убивале во средниот век. Се верува дека Алите се толку лакоми што сакаат да го изедат Сонцето и Месечината и дека порати нивните обиди се случува затемнувањето на овие тела.
Баук
Овие суштества се толку добро познати што дури и познатата Десанка Максимовиќ напишала бајка за нив. Баукот е суштество кое е прилично неспретно и се крие на темни места, каде што чека за да ја зграби, однесе и изеде својата жртва. Едниствен начин за да го избркате Баукот е со силна светлина и врева.
Дрекавец
Дрекавец е, всушност, демон на мртви некрстени мажи кои, според некои приказни не можат да најдат мир и затоа ги прогонува луѓето кои му згрешиле на ова страшно суштество. Тој е претставен како мало, влакнестго суштество, кое испушта звуци на завивање од волк и плач на мало бебе. Се верува дека Дрекавецот се движи по гробиштата и шумите, ноќе. Дрекавецот убива така што ги дави луѓето.
Караконџол
Караконџол е црн призрак со црвени очи и долги раце. Има голем стап и го користи за да ги тепа непослушните деца. Откако ќе ги истепа Караконџулот ги голта разгалените деца. Наводно се појавува во деновите меѓу Коледе и Богојавление, а единствено оружје за одбрана е сол и леб.
Баба Рога
Децата најчесто се плашат со Баба Рога! Оваа суштество наликува на вештерка која лета наоколу и ги јаде лошите деца. Баба Рога не држи многу до нејзината хигиена, таа мириса и изгледа прилично грозно. Иако скоро сите ја знаат како злобна личност, во некои народни приказни луѓето ја бараат заради нејзината мудрост.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.