За археолозите не е невообичаено да откопуваат човечки остатоци. Но, понекогаш одредени човечки остатоци кријат бизарни тајни, за кои можеме да даваме само претпоставки. Од хибридни скелети од типот Франкенштајн, до „вампири“ приковани за земјата со колци, вештерки со камење врз нивните тела, дупки во черепите на луѓето и останати чудни и вознемирувачки откритија.
Во 2014 година археолозите откриле антички скелет на тинејџерка во Албанга, Италија, која била погребана со лицето надолу. Истражувачите велат дека погребот на поединецот на овој начин укажува на тоа дека лицето било отфрлено од општеството или се сметало за опасност, поради обвинувања за вештерство. Често ги погребувале и живи, но во овој случај девојчето веќе било мртво и го погребале на тој начин за да не е и „излезе душата“ и да им наштети на живите. Ископувањето било извршено од страна на Христијанскиот институт на Ватикан.
Древните Грци се плашеле дека луѓето ќе се претворат во „зомби“ и затоа на одредени луѓе им ставале по еден голем камен на главата, торзото и нозете, со цел да не „излезат“ од гробот.
Археолозите во Бугарија пак откопале гроб за кој се верува дека му припаѓал на „вампир“. Во 2013 година во областа Перперикот биле пронајдени остатоци од маж, кој бил прикован за земјата со железен колец во срцето. Се верува дека човекот живеел некаде помеѓу 13 и 14 век. Ова не е прв гроб на „вампир“ откриен во Бугарија. Околу 100 наводни вампири биле пронајдени во Бугарија и сите остатоци припаѓале на мажи кои што биле богати. Луѓето верувале дека луѓето кои што се злобни додека се живи имаат големи шанси да станат вампири кога ќе починат.
Во октомври 2014 година земјоделецот од струмичко Ново Село, Трајче Драганов тврдел дека додека орал на својата нива нашол кутија врзана со синџир во која имало череп на суштество кое наликува на врколак. Со земјоделецот се сретнал историчарот Филип Ганев, кој престојувал во Ново Село додека вршел истражувања за неговата нова книга за Балканските војни.
Ганев го фотографирал черепот и ги доставил фотографиите до властите задолжени за дивиот свет, кои заклучиле дека најверојатно станува збор за волк кој боледувал од Пагетова болест, состојба која предизвикува зголемување на коските и затоа многу повеќе наликува на човечки череп.
Археолозите во Шкотска веруваат дека го пронашле гробот на Лилиас Ади, која била обвинета дека е вештерка и по нејзината смрт во затворот, била погребана во длабоко во калта со тежок камен кој се наоѓал врз неа – традиција базирана на верувањето дека вештерките може да се издигнат од нивните гробови, освен ако не се задржат од тежок камен.
Еден средновековен или саксонски човек чиј скелет бил пронајден во една римска вила во Хемпшир, Англија, можеби бил погребан во селото поради деформација на вилицата што направила неговата заедница да го смета за опседнат од духови. Исто така тој имал дупка во черепот, што претставувало обичај да се избркаат лошите духови. Неговиот гроб бил на осамено место, со голем камен врз неговото тело.
Кога во 2014 археолози испитувале гробови од 17 век за кои се верувало дека се вампирски, дошле до заклучок дека најверојатно се работи за жртви на колера, објаснувајќи ги дополнителните мерки на претпазливост што селаните ги презеле во справувањето со нивните тела. Вакви „вампирски гробови“ биле пронајдени и во Чешка, Словачка, Италија, Ирска и Грција.
Лесли Грегорицка од Универзитетот во Јужна Алабама, која објавила студија во списанието PLOS One, пишува за погребите: „Од овие шест лица, петмина беа погребани со срп поставен преку грлото или абдоменот, со намера да се отстрани главата или отворат цревата доколку се обидат да станат од гробот. Овие практики биле намерно практикувани на мртвите за кои се сметало дека можат да станат вампири и да се вратат во селото за да се гостат на живите или да ги зразат здравите со своето проклетство“.
Исто така во Англија биле откриени женски остатоци, од млади девојки кои биле убиени (жртвување), а околу нив имало чудно наредени коски од животни. Ова најверојатно било дел од одреден ритуал посветен за боговите.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.