Не е тајна дека децата имаат поголема креативност и го гледаат светот со голема љубопитност. Возрасните мислат дека ја имаат моќта да направат промени и ги занемаруваат љубопитните очи на децата. Овие деца се доказ дека годините не се важни кога станува збор за промени во светот.
10. Џек Андрака
Оваа момче е родено во 1997 година. Тој бил „обично“ дете се додека еден семеен пријател не починал од рак на панкреасот. Ова го инспирирало Џек да бара начин да ги идентификува раните фази на ракот. На 15 години измислил нов вид на сензор кој ги идентификува канцерогените клетки и кој обезбедувал поевтин, побрз(168 пати) и повеќе точен(25-50%) тест од сите останати. Тој првично бил одбиен од 200 лаборатории, додека конечно не бил прифатен од Др. Арнибал Маитра и Џон Хопкинс.
9. Ен Макосински
Во 2013 година, 16-годишната канадска средношколка ја создала Hollow Flashlight, светилка која ја претвора топлината на телото во светлина без батерии или кинетичка енергија. Таа била трогната кога дознала дека нејзин пријател од Филипините имал проблем на училиште: тој немал струја и светлина во текот на ноќта и не можел да ги пишува домашните задачи, а само тогаш имал време за нив. Ен потрошила само 26 долари на нејзините прототипови и има за цел да обезбеди бесплатни уреди за луѓето во земјите во развој.
8. Алекс Деанс
Роден во 1997 година, Алекс на 12-годишна возраст го создал iAid, уред за навигација за да им помогне на слепите лица. Тој некогаш и помогнал на слепата жена да ја помине улицата и го погодило тоа што немало уред кој им помагал на слепите да одат самостојно околу своето соседство. Алекс се научил да програмира и наскоро го создал iAid, рачен уред за навигација кој користи GPS и компас за откривање на какви било пречки и насочување на слепи лица во вистинската насока.
7. Малала Јусафзаи
Најмладиот поединец кој некогаш ја доби Нобеловата награда е роден во Пакистан. Таа живеела во мал град под власт на Талибанците, кој им забрани на девојчињата да добијат образование или да посетуваат училиште. На 11-годишна возраст, таа пишувала блог за локалната Би-Би-станица, изразувајќи ја желбата на девојчињата да продолжат да учат. Кога наполнила 15 години, Малала била застрелана во главата од страна на напаѓач од Талибанците додека се возела со автобус до училиште. Таа го преживеала нападот и била испратена во болница во Бирмингем, Велика Британија, каде што сега живее и води голем број образовни проекти.
6. Ана Франк
Ана Френк ја напиша Дневникот на една млада девојка, една од најпознатите книги во светот. Нејзиното семејство било во бегство 2 години, но на крајот биле уапсени од Гестапо и испратени во концентрационен логор. Таа починала на возраст од 16 години во кампот само неколку месеци пред крајот на војната. Нејзиниот дневник бил објавен во 1952 година од нејзиниот татко и бил преведен на повеќе од 60 јазици. Нејзината најголема желба била да стане новинар.
5. Елиф Билгин
На 16-годишна возраст и по две години истражување и неуспешни обиди, една девојка од Турција конечно развила постапка со која лушпите од банани се претвораат во биопластика. Ова може потенцијално да го намали загадувањето врз основа на нафта. Таа открила дека Тајланд дневно фрла 200 тони лушпи од банани, дневно и сакала подобро да ги искористи. Почнала да експериментира и на крајот ја освоила наградата „Наука во акција“ во 2013 година (натпревар на Google од 50.000 долари).
4. Бојан Слат
Еден 16-годишен тинејџер од Холандија бил шокиран кога открил многу отпадоци од пластика додека нуркал на одмор во Грција. Тој избрал да го истражи загадувањето на океанот како негов научен проект во средното училиште. На 18-годишна возраст тој презентирал систем кој користи океански струи за да го направ пластичен концентрат, намалувајќи го процесот на чистење на океанот од милениуми до години. Голем број организации и компании го пофалија неговиот изум. Бојан е најмладиот човек што некогаш ја добил највисоката награда за животна средина на ООН.
3. Луј Брај
Сите сме слушнале за Брајова азбука или Брајово писмо. Специјално писмо наменето на лицата со слаб вид или потполно слепите. Создадено е од Луј Брај, 15-годишен француски пронаоѓач и учител. Луј на 3 години имал повреда на очите и останал слеп. И покрај неговото слепило, тој го завршил своето образование и добил престижна стипендија за да се приклучи на Кралскиот институт за слепи млади. Таму почнал да работи на систем кој ќе им помогне на слепите луѓе брзо да пишуваат и читаат, кој им го презентирал на своите врсници на возраст од 15 години.
2. Естон Лашапел
14-годишниот тинејџер ја направил својата прва роботска рака користејќи ЛЕГО и жица за риболов. Тој со 3Д печатење го претворил неговиот прототип во прифатлив и практичен уред. Како резултат на тоа, НАСА станала многу заинтересирана за неговата работа и го поканила да се приклучи на тимот на Робонаут. Тој има само 17 години и веќе работел за НАСА. Тоа е прилично импресивно резиме!
1. Фило Фарнсворт
14-годишно момче кое што живеело на фарма и ја сакало хемијата и физиката, еднаш се консултирало со својот учител за една посебна идеја за која размислувал. Идејата била толку сложена што морал да нацрта дијаграм на таблата, кој наставникот го копирал за да ги проучи подоцна. Момчето било охрабрено да продолжи да работи на својата идеја. 7 години подоцна, во 1927 година, Фило Фарнсворт ја развил и ја патентирал првата целосно електронска телевизија во светот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.