Во 2015 година започнале градежните работи во Кастелинхо да Руа Апа, или Малиот замок на Апа улицата, за да се врати неговата оригинална убавина. Оваа куќа првично личи на средновековен француски замок, но поради години на небрежност, таа била сосема занемарена. И покрај нејзината архитектонска убавина, мал број на луѓе се свесни за нејзиното ужасно минато.
Во раните 1900-ти, Сао Паоло бил град во подем во Бразил. Многу луѓе го населувале градот откако се збогатувале од индустриите за кафе, какао и шеќер. Богатата заедница се населила во кварт во Сао Паоло познат како Апа-улицата. Иако д-р Вирџилио Цезар дос Реис го стекнал своето богатство во нетрадиционална индустрија – киното – тој сè уште сакал да се приклучи на класата на богати Бразилци кои беа привлечени кон оваа страна на градот поради своето богатство и за истакнување во општеството. Вирџилио ја изградил најлуксузната куќа на улицата. Тој живеел во неговата „куќа-замок“ со сопругата Марија и двајцата синови, Алваро и Армандо.
Структурата била исто толку магична како и филмовите што ги прикажувал во кината д-р Дос Реис. Тој не штедел за сметка на неговиот дом од соништата. Сите мислеле дека семејството Реис имало совршен живот. Но, малку луѓе знаеле дека има многу несогласувања помеѓу браќата. Алваро, постариот брат бил професионален уметнички лизгач, а додека помалиот брат Армандо не бил успешен во ништо. Кога нивниот татко починал во 1937 година тензијата помеѓу браќата се зголемила.
Алваро сакал киното да го претвори во арена за лизгање, а Армандо сакал да го задржи семејниот бизнис. Нивната мајка застанала на страната на Армандо, што многу го налутило Алваро. Една вечер нивната слугинка и стражарот ги пронашла сите тројца мртви на подот.
Првин полицијата мислела дека Армандо е убиецот затоа што во раката имал пиштол и теоријата била дека ги убил членовите на семејството а потоа и себе. Но, откако ги провериле куршумите заклучиле дека оние од жртвите не се совпаѓаат со оние од пиштолот на Армандо. Тогаш почнала да се истражува теоријата за убиство која и до ден денес не е разоткриена. Полицијата бидејќи не можела да пронајде кој го извршил убиството решиле да го затворат случајот под објаснување дека се работи за „убиство-самоубиство“.
Во 1980-тите жена по име Марија Еулина била бездомник и имала визии поврзани со замокот. Кога во 1990 година успеала да застане на нозе побарала одобрување од општината за прогласување на зградата како историско обележје. Додека го чекала одобрувањето таа во дел од замокот основала „Клуб на мајките“ кој им помагал на жените кои биле зависници од дрога, бездомници, жртви на семејно насилство, да застанат на нозе. Потребна била речиси цела деценија за да се прогласи замокот за историско обележје. Откако тоа се случило општината почнала да собира средства за неговата реконструкција.
Во април 2017 година реконструкцијата била завршена и сега замокот функционира како место за помош на бездомници и нарко-зависници.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.