В понеделник централната разузнавачка агенција објави дека тие биле одговорните за половината од неидентификуваните летачки објекти во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век. На твитер ЦИА објавиле: Известија за невообичаени активности на небото во 50-те? Тоа бевме ние. Во текот на изминатите неколку дена агенцијата твитуваше линкови кон најчитаните документи за 2014 на нивната топ 10 листа. Објаснуваат дека забележувањата на НЛО во минатото биле директно поврзани со нивните тестирања на шпионските авиони U-2, на висина од над 18.000 метри, во времето кога се сметало дека е невозможно летањето на таа височина.
UPI известува дека луѓето од ЦИА наскоро сфатиле дека наводните забележувања на НЛО се поклопуваат во место и време со нивните тајни летови, но решиле нарочно да не ги информираат луѓето за тоа што точно се случува и ги оставиле да веруваат дека се вонземјани.
Денес шпионските летала не се ништо невообичаено. Во шеесеттите Советскиот Сојуз соборил американски шпионски авион од 21.500 метри височина, кој се обидел да влезе во нивната воздушна територија преку Пакистан и Норвешка. Во педесеттите повеќето комерцијални авиони летале на височина од 3.000 до 6.000 метри, а повеќето воени летали на височина под 12.100 метри. Како последица на тоа, штом авионите U-2 почнале да летаат на височина над 18.000 метри, контролорите на летови почнале да добиваат зачестени јавувања за непознати летачки објекти.
Според статија на The New York Times од 1997, авионите U-2 биле развиени за да ги фотографираат непријателските цели тргнувајќи од тајните бази во Калифорнија и Невада.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.