Кога селанец од провинцијата Јиангхи почнал да ги копа темелите за неговиот нов дом никој не можел да претпостави што ќе открие. Откривањето на голем број монети довело целото соседство да се приклучи на „ловот по богатство“. Резултатите од ископувањето? Неверојатни 5,6 тони монети од династијата Сонг. Но, сега археолозите се мачат да откријат кој всушност ги скрил монетите таму.

Откако целото соседство почнало да копа биле повикани и археолозите. По завршувањето вкупниот број на пронајдени монети изнесувал околу 300.000 парчиња. Градот Јингдежен, во кој се наоѓа Јиангхи, се нарекува „градот на порцеланот“ уште од 3-тиот век, со што се истакнува економската важност на локацијата.

Народни приказни во областа ги поврзуваа монетите со сопственикот кој живеел таму пред околу 1.000 години. Сепак, според кинескиот дневен весник, археолозите не се согласуваат поради малата вредност на парчињата. Фенг Рукин, куратор на Музејот Фулианг, изјави за медиумите дека археолозите разгледуваат две можни сценарија за тоа зошто монетите биле скриени на таа локација: една локална деловна група или општествена организација ги криела монетите за идна употреба, или биле складирани од мала банка која ги продавала монетите за „попреносливи средства, како што се злато, сребро или хартиени пари.“

Раната анализа на монетите сугерира дека тие биле направени некаде за време на династијата Сонг (960-1279). Луѓето што живееле во областа страдале од нестабилни времиња кога монетите беа скриени. Војната и миграцијата биле распространети и најверојатно монетите биле закопани за да се заштитат од овие проблеми.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено