Ние не треба да сме јасновидци за да ја предвидиме иднината. Понекогаш е доволно само да се анализира сегашноста. Во оваа листа се претставени 9 работи за кои постои голема веројатност дека ќе се случат до крајот на 2030 година.
1. 2019 година: на мапата можат да се појават нови земји
Островот Бугенвил во Пацификот е формално автономен регион во Папуа Нова Гвинеја. Во 2019 година сепак, тој може и да стане посебна држава, но само ако поголемиот дел од населението му гласа во корист на тоа за време на референдум. Нова Каледонија, која сега е дел од Франција, исто така може да стане независна држава.
2. 2020: изградбата на највисоката зграда во светот ќе биде завршена.
Денес, највисоката зграда на планетата е Бурџ Калифа во Дубаи, но наскоро, во 2020 година, овој рекорд ќе биде надминат. До тогаш, кулата Џеда во Саудиска Арабија ќе биде завршена. Таа ќе биде висока околу 1007 метри.
3. 2020 година: првиот вселенски хотел ќе ги отвори вратите.
Компанијата Bigelow Aerospace планира да лансира во орбитата вселенски брод, кој ќе служи како хотел. Тестовите на слични вселенски бродови поминале целосно успешно, а еден од нив дури и се користи од космонаутите на Меѓународната вселенска станица како магацин.
4. 2024: ракетата SpaceX ќе стигне до Марс.
SpaceX, компанијата основана од Илон Маск, планира да испрати товарен вселенски брод на Црвената планета. И подоцна – да ја испрати првата човечка мисија на Марс.
5. 2025 година: населението на планетата ќе биде 8 милијарди.
Според проценките на ОН, во 2025 година, населението на Земјата ќе достигне 8 милијарди луѓе. Експертите веруваат дека до 2050 година, оваа бројка ќе порасне на 10 милијарди луѓе.
6. 2026: изградбата на катедралата Саграда Фамилија во Барселона ќе биде завршена.
Изградбата на импресивната катедрала е започната во 1883 година. Најголем проблем при конструирањето е тоа што биле потребни посебни камени блокови, а правење на само еден таков одзема многу време и бара посебно внимание.
7. 2028: Венеција може да остане ненаселена.
Ова не значи дека градот ќе биде потполно потопен под вода. Меѓутоа, постои голема загриженост дека нивото на водата во Венециската лагуна ќе се зголеми до тој степен што ќе биде невозможно луѓето да живеат во своите куќи.
8. 2029 година: астероидот Апофис ќе мине само на 38,399 километри од Земјата.
Според првичните пресметки на научниците, веројатноста астероидот да се судри со Земјата е само 2,7%.
9. 2030: големината на мразот во Арктикот драстично ќе се намали.
И сега, големината на мразот од Арктикот се намалува со екстремно голема брзина. Според некои научници, мразот во Арктичкиот океан целосно ќе се стопи, непосредно пред крајот на 21 век.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.