Кога размислуваме за места кои наукта се уште не може да ги објасни прв на листата најчесто е Бермудскиот триаголник. Лоциран во Карибите, тој е познат по исчезнувањето на бродовите и радио сигналите без објаснување во последниве години. Сепак, постои уште еден, можеби помалку познат регион во кој се појавува необјаснивото. Оваа локација се нарекува Мексиканската зона на тишината.
Лоцирана во пустината Чивава, зонатана тишината во Мексико е токму она како што звучи: џеб на земјата во кој радио сигналите умираат, спречена е комуникацијата до и од областа и скоро е невозможно да се ориентирате во просторот. Според извештаите на посетителите на областа, ако некој донесе компас, тогаш стрелката на компасот ќе започне неконтролирано да се врти.
Еден од најистакнатите истражувачи на зоната е човек наречен Бенџамин Паласиос, познат по неговиот малку туристички дом и обиколки на зоната што им ги нуди на посетителите во регионот. Сепак, се чини дека тајните на оваа место не биле секогаш познати. Гласини кружат дека мексиканската влада ги криела необјаснетите појави, веројатно потврдени од недостатокот на туристички локации, хотели и слично, во близина на пустината. Наводно, локацијата била изложена на јавноста како невообичаена кога една американска ракета по грешка се урнала во зоната на тишината. При преземањето на ракетата, агентите на САД се соочиле со аномалиите на местото.
Една статија во врска со изјавата на американската влада тврди дека: „На 11 јули 1970 година, воздухопловните сили на САД ја лансираа ракетата ATHENA V-123-D од комплексот „Зелена река“ во Јута. Додека нејзината цел била Бели песоци во Ново Мексико, таа удрила 180-200 милји јужно од мексиканската граница, според неодамна објавениот меморандум испратен од канцеларијата на Хенри Кисинџер, кој тогаш служел како советник за национална безбедност на претседателот Никсон.“ Се чини, дека доколку овој цитат е точен, технолошката грешка ја открила зоната на тишината како необјаснета, можеби вонземска, локација.
Како што е случај со повеќето локации опишани како необјаснети, во тек е „истражување“ за да се утврди кои други фактори би можеле да играат улога во чудната активност на локацијата. Извештаи за испитувања на растенија и животни се многубројни, како и испитување на геолошката структура на регионот. И, се разбира, како и кај сите локации во кои зборовите „необјаснети“ се прикачени на нивните имиња, гласините за вонземски истраги се еднакво обемни. Голем број луѓе пријавиле НЛО во регионот, чудни светла и запалени грмушки, не како оние опишани во близина на Розвел, Ново Мексико или Област 51. Интересно е за теоретичарите да истакнат дека зоната на тишината се наоѓа на истата географска широчина како Бермудскиот триаголник и египетските пирамиди.
Сепак, покрај бројните теории за НЛО во радиус од 50 километри на оваа зона необјаснетите појави би можеле, всушност, да имаат објаснувања. Научниците открија подземни наоѓалишта на метеоритни остатоци наречени магнетит. Во суштина, магнетиците под површината на пустината се оние кои што ги нарушуваат радио брановите и металната стрела на компасот. Оваа теорија понатаму го објаснува необјаснето кога ќе се земат во предвид метеоритите што паднале во пустината Чивава во 1900-тите години; три биле пријавени дека удриле во пустината помеѓу 1938 и 1969 година. Оние кои ја претпочитаат теоријата на вонземјаните најверојатно нема да ја потврдат оваа информација. Некои луѓе едноставно сакаат мистеријата да остане мистерија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.