Марко и Ана се млад брачен пар. Си купиле стан од новите, со ѕидови од гипс-картон и првата вечер започнуваат да прават бурен с*кс. Ана била прилично бучна па наредното утро комшијата Перо од соседниот стан му се пожалил на Марко:
– Комшија, не сакам да ви се мешам во приватноста, но жена ти многу вика бре!
– Па убаво ѝ е, што да прави?
– Па залепи ѝ селотејп на устата, па таа нека си вика колку сака!
Следната вечер, Марко го послушал советот од комшијата, ѝ залепил селотејп на устата на Ана и почнале. По една минута Марко прашал:
– Перо! Добро ли е сега?!
– Да, да! – одговорил гласно и Перо.
Десет минути подоцна пак со викање:
– Перо, задоволен ли си сега?! Добро ли е?!
– Да, да, одлично е!
И така ваквиот дијалог се водел се до полноќ, кога комшијата Перо извикал:
– Марко, веднаш да си го одлепил тој селотејп!
– Зошто бе, комши, па нели сега жена ми не вика?!
– А бе таа не вика, ама целата зграда мисли дека мене ме е*еш…