Конфучие стоел на мостот над реката и гледал како водопадот паѓал од високо. На дното имало страшен вител, а некој човек се обидувал да мине низ него. Конфучие ги испратил своите ученици да го запрат и да му кажат дека преминувањето не е возможно. Но човекот не ги послушал.
Тој ја преминал реката и излегол на спротивниот брег. Конфучие му рекол: „Колку си мудар! Која е твојата тајна? Како влезе во вителот и излезе неповреден?“
И човекот одговори: „Кога го следам течението, јас се предавам и целосно му верувам. Кога ќе се предадете и ќе го опуштите вашето тело по течението, без да правите ништо тогаш ќе преживеете, водени од природниот тек на струјата. Ако сакате, можам да преминам повторно.“
„Запомнете го ова ученици!“, рекол Конфучие. „Вие навистина можете да ја разберете водата ако и се предадете и ѝ верувате, а тоа уште повеќе важи и за луѓето.“