Доколку мислите дека луѓето денес прават чудни работи, тогаш би требало да ги споредите со луѓето од историјата. Ќе забележите дека нашите претци правеле уште почудни работи и нивните дела биле легални.
Третмани со кокаин
Пред 100 години луѓето не го сметале кокаинот за штетен. Напротив, кокаинот бил достапен во сите аптеки и се подавал без рецепт како лек против кашлица и забоболка. Кокаинот исто така се препорачувал и како седатив за деца. И како и другите фармацевтски лекови, кокаинот бил широко рекламиран.
Праќање на децата по пошта
Ова можеби звучи како шега, но на почетокот на 20тиот век Американците можеле да си ги пратат децата по пошта и тоа било сосема легално. Услугата чинела околу 15 центи доколку детето тежело колку стандарден пакет. „Грижливите“ родители најверојатно сакале да заштедат на пари кога ги испраќале нивните деца кај роднини.
Надворешни кафези за деца
Во 1940-тите години ваквите кафези биле популарни во Британија. Со помош на овие опасни конструкции се сметало дека децата ќе можат да дишат свеж воздух додека нивните зафатени мајки работат во куќата. Луѓето тогаш сметале дека овие кафези се нормални и безбедни. Што би кажале денешните родители?
Пустиник во градината
Богатите луѓе често имаат чудни каприци. Но, во минатото, нивните опсесии направиле луѓето да страдаат. Во 18 век, било популарно да се има личен пустиник кој живеел во градината. На пустиникот не му било дозволено да ги мие или сече ноктите и косата. Тие живееле во рачно изработена пештера. Сопствениците секогаш ги покажувале пред посетителите и биле горди на своите „живи украси“.
Сомнителни методи и третмани
Не толку одамна, лекарите немале поим за дезинфекција и користеле чудни методи: крвопролевање како лек за сите болести, сечење на јазикот против пелтечење, како и лоботомија и третман со електричен шок. Дури и најуспешните лекари од тоа време, како ортопедскиот хирург Луис Сајре (на сликата со еден пациент), направиле многу операции со смртоносни исходи.
Радиоактивни играчки
Во 1950 година, радиоактивноста била третирана како сосема безбедна работа. Таквите „атомски“ играчки како мини-лабораторија прикажани на сликата биле навистина популарни. Во сетот имало вистински полониум и ураниум во мали количини.
Човечки зоолошки градини
Овие зоолошки градини требало да служат како „доказ“ на луѓето од Азија и Африка за теоријата на Дарвин. Вкавите срамни зоолошки градини постоеле со години. На сликата, можете да видите белгиска човечка зоолошката градина во 1958 година.
„Забавни екскурзии“ до ментални болници
Пациентите во психијатриските болници биле третирани ужасно во минатото: вработените ретко ги хранеле луѓето, иако роднините платиле за сместување на пациентите. Но, сопствениците на болниците направиле „екскурзии“ во болницата за секој кој што би сакал да плати за да ги гледа ментално болните луѓе. Многу често и посетителите ги малтретирале и исмејувале пациентите.
Собирање на делови од телото
Само луди луѓе денес ги собираат деловите на човечкото тело како трофеи. Но, тоа било само стандардно хоби кое не предизвикало никакво одвратување во минатото: реномирани господа имале свои патоанатомични простории дома. Дури и војниците го користеле черепот на непријателот. На оваа слика, е прикажан еден американски морнар: за време на Втората светска војна, го земал черепот на еден јапонски војник.
Пушење за време на бременост, како препорака од лекар
Пушачите денес се ограничени на многу начини. Но, пред 70 години, американските лекари им препорачувале на своите бремени пациентки да пушат за да се ослободат од запек. Значи на една жена која штотуку родила бебе не и било забрането да пуши во болница. Страшно е да се замисли нашиот живот ако медицината сѐ уште ги следи ваквите ставови.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.