Кога се соочени со смртоносна ситуација луѓето се спремни да направат прилично неверојатни работи. Ова се пет приказни за луѓе кои добиле „супер моќи“, заборавиле на стравот и успеале да преживеат кога било најмалку очекувано.
1. Кен Џоунс- Успеал да излезе од лавина
Студентот Кен сакал да се искачи на највисокиот врв во Романија во 2003 година, кога бил затрупен не од една туку две лавини. Тој бил сам и лавината го покрила кога бил на 2.500 метри. Кен ја скршил ногата и карлицата, но сепак успеал да се извлече од снегот, да лази надолу по планината и да стигне до најблискиот град кој бил оддалечен 16 километри. Сетоа тоа го реализирал во рок од 4 дена. Лекарите мислеле дека Кен нема да може да оди повторно, но тој успеал во тоа и си отворил фитнес-компанија.
2. Рудари од Чиле – Преживеале 69 дена под земјата
Во 2010 година светот го гледаше Чиле, каде рудникот за злато и бакар зароби 33 рудари под земјата. Мажите останале смирени и чекале да бидат спасени додека правеле резерви на вода, храна и лекови. На секои 48 часа секој јадел две лажички туна, половина чаша млеко и половина колаче. Исцрпени и дехидрирани, тие дури и помогнаа да се исчисти нивниот тунел за бегство. По 69 дена биле извлечени надвор.
3. Џулијан Коеке- Преживеала пад од авион од 3.000 метри
На само 17 години, Џулијан била единствениот преживеан од авионската несреќа во 1971 година над перуанската дождовна шума. Комерцијалниот авион бил погоден од молња и се распаднал пред да падне на земјата. Девојчето паднало додека уште било врзано на седиштето и ја пратела реката за да ја лоцира цивилизацијата. По девет дена, таа открила засолниште и останала внатре, третирајќи ги каснувањата со бензин, сè додека не стигнале лекарите кои го користеле засолништето и можеле да ја пренесат на безбедно. Џулијан станала биолог.
4. Арон Ралстон- Сам ја ампутирал раката
Алпинистот Арон направил нешто незамисливо кога се искачувал на карпа во Јута. Тој ја ампутирал сопствената рака. Ова тешко искушение од 2003 година, кое е запишано во филмот „127 часа“ од 2010 година. Заглавен во далечен кањон, без храна, вода или некој друг за да побара помош, тој ја врзал подлактицата и користел нож за да помине низ кожата, мускулите и коските. Откако се ослободил од карпата тој морал да се искачи назад низ кањонот, да пешачи 10 километри за да ја пронајде првата личност која ќе ги повика спасувачите. „Не сум сигурен како се справив со тоа“, изјавил поранешниот механички инженер на прес-конференцијата по неговото излегување од болницата.
5. Харисон Окене- Живеел во воздушен џеб три дена, заробен под водата
Заробена под вода во 2013 година, нигерискиот морнар Харисон преживеал од воздушен меур од 0,3 метри квадратни, цели три дена. Кога неговиот брод се превртел Харисон заедно со воздушниот меур останал заглавен во тоалетот. Тој немал храна и вода за пиење и ги издржувал студените температури неколку дена пред Јужноафриканските нуркачи случајно да ги пронајдат остатоците од бродот. Тој морал да помине два дена во комора за декомпресија кога се вратил на површината. Во тоа време, инструктор за нуркање изјавил за весник дека рекреативен нуркач би можел да преживее само 20 минути на тие длабочини. „Да се преживее толку долго во таа длабочина е феноменално“, изјавил нуркачот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.