Сите ние стануваме носталгични за добрите денови од детството. На интернет кружат многу фотографии кога луѓе, па и цели семејства реконструираат сцени од своето минато. Но, студентот и фотографот Конор Никерсон, ја однесе реконструкцијата на наредното ниво.
Конор се фотошопира во своите фотографии од детството и толку добро се вклопува во околината што луѓето ќе помислат дека е стара фотографија од мало дете со неговиот постар брат. Студентот вели дека дошол до идејата кога еден ден го разгледувал неговиот стар албум и го интеренсирало како би изгледало кога „детето“ Конор би се дружело со возрасниот Конор. Никерсон успеал да ја вклопи и модата од 90-тите во фотографите, а исто така на една фотографија се фотошопирал како седи со сопствениот скут. Во едно интервју Конор изјавил дека му било „премногу забавно“ додека ги изработувал фотографиите и планира да продолжи со проектот.