Сите приказни поврзани со дрогата се застрашувачки. Луѓе кои што под дејство скокнале од големи височини, убиле човек или едноставно го изгубиле разумот.
За новата синтетичка дрога Флака се вели дека ги претвора луѓето во зомби. На видета може да се види бизарното однесување на луѓето кои ја консумирале дрогата.
10. Прави луѓето да се движат како зомби
Кога некој ќе земе премногу од Флака мускулните влакна во телото почнуваат да се раствораат во крвотокот. Нивните тела почнуваат да се движат неконтролирано. Исто така дрогата предизвикува нерационално насилство, во исто време, тоа предизвикува параноични, лажни фантазии.
9. Предизвикала убиства на луѓе
Лирој Стротерс земал пушка, се качил на кровот од неговиот дом, се соблекол гол и отворил оган кон неговите соседи. Тој подоцна и кажал на полицијата дека во тој момент халуцинирал како банда се обидува да му го убие семејството. Исто така Дерен Морисон убил 82-годишна жена затоа што мислел дека во неа има демон кој сака да го убие.
8. 10 пати е појака од кокаинот
Дрогата е толку јака што 0,1 грам може да предизвика предозирање. Луѓето ја нарекуваат и „лудило од 5 долари“, затоа што толку треба да платите за ист ефект кој би го имале од кокаин за 80 долари.
7. Може да ја стопира болката
Флака може да „ослободи“ од болката. Голем број на луѓе кои ја консумираат не чувствуваат болка. Тоа се случило и со еден човек од Бразил кој влегол во болница со рана од куршум во неговото лице, но делувал како воопшто да не чувствува болка, се смеел и ‘ржел на луѓето околу него.
6. Таа создаде пандемија на опасни, параноични напаѓачи
Кога се појави дрогата весниците од Флорида беа полни со приказни за луѓе кои се шетаат голи по улиците и прават ужасни работи. Полицијата уапсила човек по име Кенет Краудер, кој бил гол и се обидувал да има секс со дрво. Тој се противел, го напднал полицаецот и тврдел дека е Тор, бог на молњите. Исто така 34-годишниот Метју Кени трчал гол по прометна раскрсница. Кога полицијата го фатила тој велел дека го брка група злобни луѓе, кои ќе престанат само ако го прегази автомобил.
5. Корисници на дрогата напаѓале полициски службеници
Луѓето кои ја користат Флака не се само насилни, туку немаат и чувство за страв. Голем дел од нив нападнале полицајци, а некои дури сакале да влезат и во затвор. Еден човек се обидувал да се качи преку оградата на затворот за да влезе внатре. Тој паднал и го повредил задникот на една шипка. Кога го прашале зошто го направил тоа, тој одговорил дека се наближува апокалипса и дека едниствен начин за да се спаси е да влезе во затворот. Најверојатно желбата му се остварила. Друг човек влетал во затворот со неговиот автомобил, со изговор дека сакал да го посети неговиот пријател.
4. Дава „супер моќи“
Бидејќи не чувствуваат болка и нивото на адреналин се зголемува корисниците на дрогата изгледаат како да добиле „супер моќи“. Така Џејмс Вест мислел дека го бркаат 25 автомобили и сакал да влезе во полициската станица така што со раце, нозе и камен се обидувал да ја скрши вратата која е отпорна на урагани.
3. Ги тера луѓето на самоубиство
Тогаш луѓето не се опасни само за другите, туку се опасност и за самите себе. Џон Хумел се обесил во неговата хотелска соба, откако неколку пати се јавил на неговата мајка за да и каже дека некој го следи и дека ги слуша хеликоптерите над неговата глава.
2. Може да се нарача преку интернет
Ова е една од најстрашните работи за Флака. Дрогата може да се најде со пристискање на копче. Таа се продава од 150 компании од Кина. Најголемата е Каи Каи, водена од нарко бос од Кина, наречен Бо Пенг. Тие наплаќаат 1.500 долари од килограм, што на улиците може да достигне и 50.000 долари.
1. Не исчезнува
Иако САД успеале малку да го санираат проблемот, во останатите држави дрогата продолжува да се шири. Најмногу ја има во Бразил, а има пријави и во Шкотска, Канада, Австралија, Малта, Турција, Саудиска Арабија и скоро секоја друга земја.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!