За некои совпаѓања некогаш треба да се запрашаме дали се работи само за случајност, мистерија, или пак за теорија на заговор. Ова се неколку интересни совпаѓања од блиското и далечното минато кои интригираат, но се и интересни за читање.
1. Предвидувањето на Марк Твен
Марк Твен е роден на 30 ноември 1835 година, кратко време по појавата на Халеевата комета. Во 1909 година тој на шега изјавил: „Јас дојдов со кометата во 1835 година и ќе си одам со неа наредниот пат кога ќе се појави.“ На 21 април 1910 година, Твен умрел од ангина еден ден по враќањето на кометата.
2. Проклетството на Тамерлан
На 20 јуни 1941 година била отворена гробницата на Тамерлан, турско-монголски освојувач. На саркофагот стоел натпис: „Оној кој ќе го отвори мојот гроб ќе ослободи окупатор многу пострашен од мене.“ Два дена подоцна, нацистичка Германија го нападна СССР.
3. Бомбардирање од иднината
Во 1932 година, новинарот Џ. Бернард Хатон и фотографот Јоаким Бранд отишле во областа во Хамбург, за да направат извештај. Тие се вратиле исплашени и шокирани, кажувајќи им на сите за воздушниот напад на градот Хамбург. Бранд тврдел дека го фотографирал место. Меѓутоа, кога ги развил фотографиите, немало ништо на нив – ниту бомбашки напад, ниту друг вид напад. 11 години подоцна, Хатон ги прочитал информациите во еден лондонски весник за бомбардирањето на Хамбург наречено Операција Гомора. Не знаеме дали е случајно, но Хатон тврдел дека истиот напад го видел во 1932 година.
4. Предвидувања од цртаните филмови
Во една епизода на цртаниот филм „Џони Браво“, во позадината може да се види постер од кулите близначки во пламен на кој пишува „следи наскоро“. Оваа епизода е пуштена 5 месеци пред нападот на 11 септември.
Исто така во Симсонови , во епизодата „Барт во иднината“ од 2000 година го покажаа Трамп како претседател на САД.
5. Авион од иднината
Во 1935 година пилотот сер Роберт Виктор Годард го истражувал напуштениот аеродром во Единбург. На пат кон дома, влегол во невреме и морал да се врати на аеродромот за да се засолни. Стариот аеродром изгледал многу жив и оперативен. На лентата за слетување, видел авион што претходно не го видел. 4 години подоцна, Годард повторно бил испратен на тој аеродром. Тој го видел истиот авион што не бил во можност да го препознае во 1934: моделот се викал Мајлс Мастер. Производството на овој модел започнало во 1937 година, скоро 3 години откако Годард го видел за прв пат.
6. Европската унија во 1968 година
Во 1968 година писателот на научна фантастика, Џон Брунер, го објавил својот роман Stand on Zanzibar. Заплетот ја опишува Европската унија, која официјално била формирана во 1993 година.
7. Книгата што ја предвидела светската финансиска криза
Романот Atlas Shrugged, напишан од Ајн Ранд, првпат бил објавен во 1957 година. Според заговорот, американската влада повеќе се обидува да го контролира приватниот бизнис, планираната економија го заменува слободниот пазар, а светот доживува сериозна финансиска криза. Некои луѓе веруваат дека книгата ја предвидува финансиската криза од 2008 година.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.