Денес исто така постојат голем број на бизарни работни места, за кои не знаеме од каде дошла идејата за нивното креирање, а исто така најверојатно иднината ќе ни донесе уште понеобични професии. Минатото не е исклучок. За време на Викторијанската ера (периодот на владеење на кралицата Викторија во Британија, 1837-1901) луѓето работеле на толку ужасни работни места, на кои што би попуштил желудникот и на најхрабрите.
1. Собирач на пијавици
Некогаш пијавиците биле корисна стока, затоа што се користеле за лекување на секакви болести, од главоболка до „хистерија“. Собирачите на пијавици сепак морале да се користат самите себе како мамка за пијавиците кои треба да ги уловат. Оваа работа најчесто ја вршеле сиромашните жени, кои влегувале во валканите езера со надеж дека ќе фатат повеќе пијавици. Затоа не е изненадувачки дека собирачите на пијавици постојано биле изложени на опасност од губење на крв и заразни болести.
2. Собирач на „чистота“
Оваа професија барала од работниците да собираат кучешки измет од улиците на Лондон, кој подоцна се продавал на производители на производи од кожа. Кучешкиот измет бил нарекуван „чистота“ затоа што се користел за чистење на кожата и да ја направат пофлексибилна. Побарувачката за кожата била голема за време на Викторијанската ера, бидејќи не се користела само за коњи, туку и за чевли, чанти и книги.
3. Ловец на вредни предмети во канализацијата
Во Лондон во тоа време веќе одамна имало огромна мрежа од канали под градот, во кои се пренесувале валканите води на преполниот град. Овие мажи работеле таму – во каналите, нурнати во водите, за да бараат вредни предмети. Тоа е исклучително опасна работа, бидејќи каналите многу често се рушеле, а кога портите се отворале, налив на нечиста вода ги убивала луѓето. По 1840 година влезот во каналите бил забранет, но мажите продолжиле да работат во текот на ноќта за да избегнат ризик од апсење.
4. Ловци на стаорци
Ловците на стаорци носеле со себе кучиња кои побрзо и повешто ги фаќале стаорците, кои кружеле по улиците на Лондон. Кучињата најчесто ги фаќале стаорците живи, а потоа тие биле продавани на други луѓе кои огранизирале борби. Стаорците биле пуштани во кафез, во кој имало и куче. Публиката гледала како кучето ги лови стаорците и правеле облози.
5. Крадци на трупови (иако ова била нелегална „професија“)
Во почетокот на 19 век единствените трупови со кои лекарите располагале за истражување, биле оние на криминалците осудени на смрт, што доведува до сериозен недостиг на тела за дисекција. Медицинските училишта добро им плаќале на оние кои ќе им достават мртви тела во добра состојба, затоа многу луѓе виделе добра можност за заработка во ограбувањето на неодамна погребани тела.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.