Најновата навидум бизарна креација од Јапонија не е во форма на телевизиско шоу или реклама. Истражувачите од АИСТ одгледувале генетски модифицирани кокошки кои несат јајца кои имаат протеин за кој се знае дека се бори против болести како рак и хепатитис.
Луѓето често предупредуваат за износот на холестерол кој што се добива од јадење премногу јајца. Но, што ако има и здравствени придобивки од јајцата, како лекови кои се борат против рак, хепатитис и други болести? Јапонските истражувачи од Националниот институт за напредна индустриска наука и технологија (АИСТ) го постигнаа тоа кога со генетски инженеринг успешно креирале кокошки кои несат јајцата кои содржат специјален фармацевтски агент.
Според извештајот на The Japan News, истражувачите во AIST генетички модифицирале клетки на прекурзорот на спермата за да произведат еден вид на протеин кој е поврзан со имунолошкиот систем наречен интерферон бета. Овој протеин се покажал дека е ефикасен во лекувањето на малигниот рак на кожата и хепатитот. Модифицираните клетки биле искористени за оплодување на јајцата само со петли. Неколку циклуси на вкрстување на петлите резултирале со кокошки кои ги наследиле гените со интерферон бета.
Компанијата за увоз и продажба на реагенси Cosmo Bio Co во Токио, која го развила методот заедно со истражувачите на АИСТ и Националната организација за истражување на земјоделството и храната во Ибараки, сега имаат три кокошки кои несат јајца на еден или два дена. Белците од јајцата содржат интерферон бета.
Целта на проектот била да се намалат трошоците за правење на лекови. „Ова е резултат на кој се надеваме дека ќе доведе до развој на евтини лекови“, изјавил Хиронобу Хоџо, професор на универзитетот Осака, за „Јапонски вести“. „Во иднина, ќе биде неопходно внимателно да се испитаат карактеристиките на агентите содржани во јајцата и да се одреди нивната безбедност како фармацевтски производи“.
Понатаму, истражувачите планираат да работат на стабилизирање на содржината на интерферонот бета во јајцата за да произведат околу десетина милиграми до 100 милиграми од едно јајце.