Вилијам Томас “Томи” Емануел (роден на 31 мај 1955) е австралиски гитарист, препознатлив по неговиот стил на свирење со прсти, перкусии и енергични настапи. Тој ја доби наградата на “Ролинг Стоун” за најдобар гитарист во 1990 година, по што следеше наградата на гитарскиот магазин “Gitar Player Magazine” за најдобар акустичен гитарист, како и признанието на Certified Guitar Player, кој освен него го добиле само уште три светски гитаристи.